2win800x200

Трите близначки  Ана,Марија и Атанасија од с.Градешница , општина Новаци  се закитија со сребрен медал во ката тим на меѓународниот карате турнир ФЕНИКС ОПЕН кој се одржа во Врање ,Р.Србија на 20 Октомври оваа година.

Со неполни 9 години, трите близначки веќе 4 години тренираат карате во карате клубот “ЗАНШИН- ДО”  Битола и постојано учествуваат на домашни и меѓународни натпревари во  категорија ката тим  генерација 2011/10 година освојувајќи златни ,сребрени и бронзени медали .Имајќи ги во предвид нивните карате вештини , близначките се потенцијални кандидати за во репрезентација.

Карате Клубот "ЗАНШИН-ДО"-Битола настапи во 55 категории и се закити со два пехара-пехар за најмасовен настап и пехар за трето пласирани по постигнати резултати  во севкупен пласман во кати и борби, 3 злата, 8 сребра и 16 бронзи.

Општина Новаци ја подобрува патната инфарструктура преку искористување на средствата од Програмата за финансиска поддршка  на руралниот развој  од 2018 преку подготвени проекти кои се реализираа во 2019 г .Од оваа програма Општина Новаци искористи над  32.000.000 денари инвестирајќи ги средствата во Изградба на Локален пат Р511 –крстосница- с.Старавина-с.Будимерци  до манастирот  Св.Атанас - с.Старавина во должина од 811 метри.  Реконструкција на локален пат до населено место с.Тепавци во должина од 3 км ( вредност 19 милиони денари ) како и Изработка на урбанистичка планска документација  за с.Новаци , с.Рибарци,.с.Будимирци , с.Градешница,. с.Гермијан .Општина Новаци ги искористи средствата по сите три мерки 321, 322 и 323 од Програмата за рурален развој .

Изградба на локален пат  до манастирот во с.Старавина  во должина 811 метри за што се потрошени средства од 4.601.062 денари од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од мерката 323 -зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја. Изведувач на работите е СВ ИНВЕСТ Дооел Битола.

„Го развиваме и унапредуваме манастирскиот туризам“, велат од Општина Новаци.

 

А.Б

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани