2win800x200

Општина Новаци успешно се справува со интензивните врнежи на снег кои ја зафатија територијата на општината во изминатиот период .

Општина Новаци им подели новогодишни пакетчиња на сите ученици од  8-те подрачни училишта во општината.

Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски заедно со Дедо Мраз ги израдуваа најмладите од општината подарувајќи им новогодишни подароци и пакетчиња. Новогодишната приредба денеска беше организирана во Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци.

Адвокати ангажирани во имплементацијата на проектот „ Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ финансиран со средства од Европска Унија ги едуцираа жителите на општина Новаци.

Целта на проектот е зајакнување на пристапот до правда на најранливите категории на граѓани со што ќе се придонесе кон правно зајакнување , подобрување на законодавството и имплементација  на постоечките механизми кои се однесуваат на пристапот до правдата.

Проектот опфаќа серија активности и тоа: правно советување од страна на мобилни тимови, локални настани на правна свесност на локалното население, стратешко застапување во предмети кои се однесуваат на пристап до правда, активности за подобрување на законите, нивна примена и политиките кои се однесуваат на пристапот до правда.

На обуката беа присутни околу 30 лица од разни целни групи, категории на граѓани и  разни возрасти.Поставија прашања од правен карактер на кои добија соодветни одговори и совети од страна на стручните лица.

По спроведувањето на проектот се очекува да се постигнат неколку резултати и тоа:

-       обезбедени 1920 правни совети за правните проблеми и прашања кои ги засегаат граѓаните со ниски приходи и нивните семејства,

-       зголемена свесност и познавање од областа на правото  со спроведување на  64 локални настани за правно описменување на локалното население,

-       преглед на имплементацијата на важечкото законодавство кое се однесува на пристап до правда преку изготвување на два годишни извештаи за 2017 и 2018 година со користење на индикатори развиени од Европска унија,  и

-       подобрена законска рамка од областа која се однесува на пристап до правда преку поднесување на предлози и иницијативи.

Проектот започна да се имплементира на 1 јануари 2018 година, а ќе трае до 31 август 2019 година.

Биомасата и нејзината искористеност за загревање  повторно ги седна на заедничка маса пограничните општини Новаци од македонска страна и Аминдео од грчка.

Во Младинскиот културен центар во Новаци се одржа  состанок помеѓу претставници на општина Новаци, АПРЗ и грчките партнери ДЕТЕПА, КРЕС и КЛУБЕ во рамките на проектот Agrowchain - „Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на рурални средини“.

Проектот трае 24 месеци, започна во јуни годинава, а денеска  беше третата сесија на партнерите во проектот .

-Ние како општина сме партнер во проектот, се работи за вкупни финансии од 216 илјади евра кои со овој проект треба да се искористат за набавка на механизација. Со таа механизација ние ќе собираме биомаса која подоцна ќе ја користиме за загревање на парен котел и затоплување на градинката во Новаци. Сега правиме анализи и анкети со земјоделците дали се подготвени еден дел од отпадот да го отстапат за биомаса.  Веќе распишавме тендер за набавка на трактор со приколка, потоа приклучни машини , котелот за затопливање и балирачката, рече градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузмановски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани