Четири дена нема одговор од Министерството за образование на обвинувањата на директорот Димитар Пипилевски од ОУ „Крсте Мисирков“ од Бистрица дека ќе се реновираат само подрачните училишта на албански јазик што се под ова централно училиште.

 

Со презентација на проекти подготвени на германски јазик, 111 ученици од битолски училишта предводени од нивните професори го прославија 22 роденден на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола. Малата сала во Центарот за култура беше преполна од ученици кои учествуваа во манифестација и други гости кои дојдоа да ја проследат програмата. Учениците на сцената покажаа солидно говорење, читање и разбирање на германскиот јазик како да им е мајчин, што пак беше резултат на нивното интересирање за него и заеднички вложениот труд со нивните професори.

Вклучена е струјата во десетте битолски училишта кои ЕВН ги исклучи пред еден месец поради неплатени сметки во вкупен износ од 8 милиони денари, со што се создадоа услови за непречен старт на новата учебна година.  Општина Битола  подмири поголем дел од долгот  на 8 основни и 2 средни школи, кои од 2012 година имаат блокирани сметки и не можат редовно да ги плаќаат обврските. Остатокот е договорено да се плаќа на рати. Доверителите покажале добра воља на кратко да ги повлечат извршните решенија за да се деблокираат сметките.

Пред почетокот на учебната година, со средства од Општина Битола, се работи на последните активности за санација на покривните конструкции во две битолски училишта.

Од Општина Битола соопштија дека Средното општинско медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, доби нова покривна конструкција во делот на санитарниот чвор на вториот кат во училиштето.Таваните кои речиси не беа употребливи и претставуваа опасност за учениците, се заменуваат со нови, со што, по подолго време, на учениците во ова средно училиште кои учат на вториот кат, ќе им се овозможи да ги користат тоалетите на сопствениот кат. На овој начин, се надминува уште еден горлив долгогодишен проблем во ова училиште, особено за учениците, затоа што се оптоваруваа тоалетите на останатите катови. Општина Битола, за реконструкција на таванскиот дел за ова училиште одвои над 37.000 денари.

На десет дена пред почетокот на учената година битолските училишта должат над 6,5 милиони денари за неплатена струја. Од 18 училишта на девет со блокирана сметка електричната енергија им е исклучена од крајот на јули. Од Општина Битола велат дека долговите се наследени од претходната власт, дури десет училишта се со блокирани сметки повеќе од шест години, а струја во школите претходниците престанале да ја плаќаат во април 2017 година иако уште не била сменета локалната власт.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани