АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Старото училиште ,,Димитар Влахов” во преспанското село Љубојно ќе се реконструира и ќе се адапира со 32.8 милиони денари. Овие средства во буџетот на Министерството за култура ќе бидат обезбедени во 2024 и во 2025 година.
„Владата, Министерството за култура и Завод и музеј Битола презедоа обврска старото училиште во Љубојно да биде обновено и да се ревитализира во чест на македонските дејци и во спомен на сите просветни работници.Во две буџетски години ќе биде обновено местото кое е темел на нашиот културен и национален идентитет“, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Таа нагласи дека идејата е овој значаен објект каде се одвивала настава на македонски јазик да стане собиралиште на лингвисти, педагози, наставници и професори по македонски јазик и да остане како паметник за генерациите по нас, дека темелите на ова здание се всушност историски темели на образованието на мајчин, македонски јазик, столбот на нашиот идентитет.
−Старото училиште е во режим на заштита од 2020 година како дел од споменичната целина Љубојно. По неговото автентично обновување, овој монументален објект ќе биде „Центар за промоција на македонскиот јазик“, со што Владата со делопокажува дека се грижи за заштитата и промоцијата на македонскиот јазик, која е клучна за македонскиот културен опстанок−додаде Костадиновска-Стојчевска.
За проектот, кој го реализира Завод и музеј Битола во 2024 година обезбедени 20 милиони денари, во2025 година, се проектирани 12.8 милиони денари.Во периодот што следува, по заокружувањето на преостанатите административни процедури, надлежната установа ќе спроведе постапка за доделување на договор за јавна набавка за реконструкција и адаптација на објектот.
Завод и музеј Битолаво изминатиот период ги презеде сите неопходни чекори за реализација на овој значаен проект, односно беа изработени Геодетскиот елаборат и Урбанистичко-архитектонскиот проект, чиј што составен дел беше Идејниот проект за објектот во с.Љубојно.Во текот на 2023 година се работеше на Основниот проект, кој по неговото комплетирање и реализација на сите ревидентски фази, беше испратен до Управата за заштита на културно наследство за добивање на Конзерваторско одобрение
Со пригодна програма во школските клупи на битолските училишта денес седнаа 799 првачиња што е повеќе од лани кога имаше 783.
На почетокот на новата учебна година за сите ученици во основното и средното образование, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, ги посети основните училишта „Д-р Трифун Пановски“ и „Коле Канински“, каде им посака успешна учебна година на сите ученици, особено на најмладите, првачињата, кои со возбуда го дочекаа првиот училиштен ден.
Училиштето „Коле Канински“ - Битола беше дел од проектот „Еразмус+“ пректот: „Дигитална моќ“ (Digital Power).
Станува збор за проект кој ќе трае 2 години, а неговата цел е споделување на дигитални алатки и иновации во наставата.
Во проектот учествуваа двајца наставници од „Коле Канински“, Елена Петков, наставник по германски јазик, која беше и координатор на проектот, Методиј Богоев, наставник по географија и Зоран Мирчевски, директор на „Коле Канински“ и две ученички, Стефанија Марковска и Андреа Цветковска. На првата мобилност, наставниците, директорот и учениците го посетија германскиот град Алтенгштет, во близина на Штутгарт.
За време на посетата, децата и наставниците беа на дигитална обука „Бионикс“, каде можеа да истражуваат на тема биолошките процеси пренесени преку техниката, а имаа можност и да присуствуваат на часовите по јазици и информатичка технологија.
Училиштето направи партнерства со училишта од Германија, Португалија, Хрватска и Турција.
Поради дефект без парно затоплување остана дел од објектот на градинката „Естреја Овадија Мара“ во населбата Стрелиште во Битола каде покрај клонот „Колибри“ со 120 деца, на вториот кат потстанар е подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ со 60 ученици. Директорката Лидија Тфирст Митревска вели дека ја известила општината веднаш кога се појави дефектот на системот, но се уште ништо не е преземено, па училниците од подрачното училиште се без затоплување, а постои опасност целосно без парно да останат и децата во занималните.