Анета Блажевска

Анета Блажевска

ИЗВЕСТУВАЊЕ  на Општина Битола 

 
Општина Битола ја информира јавноста дека денес се реализираше постапката на јавно наддавање за издавање на површини за поставување на урбана опрема.
 
Процесот се одвиваше во целосно транспарентна постапка, со значителен интерес од страна на закупците, кои активно учествуваа во наддавањето. Почетната цена за закуп изнесуваше 4.000 и 5.000 денари, а во текот на наддавањето самите учесници меѓусебно ги зголемуваа понудите, со што беа постигнати повисоки износи од првично утврдените.
 
Овој резултат е уште една потврда дека јавните и транспарентни постапки создаваат услови за фер конкуренција и овозможуваат остварување на поголеми приходи во буџетот, што директно придонесува за подобрување на услугите и проектите во интерес на граѓаните.
 
Општина Битола останува посветена на спроведување на законски, транспарентни и отчетни постапки, со што се обезбедува еднаков пристап за сите заинтересирани страни и се гарантира заштита на јавниот интерес.
 
Во интерес на јавноста после завршувањето на јавното наддавање ова се постигнатите цени по локации и нивните закупци со највисоките понудени цени.
 
Локации во должина на градското шеталиште:
 
Локација број 1: Благој Бакулев со понудена највисока цена од 205.500 денари. 
Второ рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ - 150.000 денари. 
Трето рангирана понуда Драган Мицевски 120.000 денари. 
Четврто рангирана понуда ТРИЦИКЛО КАФЕ - 80.000 денари.
 
Локација број 2: Драган Мицевски со понудата највисока цена од 265.000 денари. 
Второ рангирана понуда од Благој Бакулев 185.000 денари. 
Трето рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ 150.000 денари. 
Четврто рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ од 135.000 денари
 
Локација број 3: Драган Мицевски со највисока понуда цена од 300.000 денари 
Второ рангирана понуда од Благој Бакулев 160.000 денари. 
Трето рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ  110.000 денари. 
Четврто рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ од 109.600 денари
Петто рангирана понуда од ВЕЉО НУЛАТРИ од 6.500 денари.
 
Локација број 4: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 71.000 денари
Второ рангирана понуда од СПОРТ БАЛ ПУЛ 25.000 денари. 
Трето рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ  23.500 денари. 
Четврто рангирана понуда од ВЕЉО НУЛАТРИ од 22.000 денари
Петто рангирана понуда од Николче Масалковски од 16.000 денари.
 
Локација број 5: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 100.001 денари
Второ рангирана понуда од ВЕЉО НУЛАТРИ  40.000 денари. 
Трето рангирана понуда од СПОРТ БАЛ ПУЛ  30.500 денари. 
Четврто рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ од 10.500 денари
 
Локација број 6: СТОРМ БАЛ ПУЛ со понудена највисока цена од 33.300 денари
Второ рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ 16.000 денари. 
Трето рангирана понуда од АМЕРИКО ДОГС  9.501 денари. 
Четврто рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ од 9.000 денари
 
Локација број 7: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 5.500 денари
Второ рангирана понуда од КОНЗУЛ КАФЕ 5.000 денари. 
 
Локација број 8: Е-СМАРТ ТЕХНОЛОГИЈА со понудена највисока цена од 5.500 денари
Второ рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ 5.000 денари. 
 
Локација број 9: ПАЛАШ ПРОМ со понудена највисока цена од 20.000 денари
Второ рангирана понуда од БМБ МАРИН од 8.000 денари. 
 
Локација број 10: ПАЛАШ ПРОМ со понудена највисока цена од 5.500 денари
Второ рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ 5.000 денари. 
Трето рангирана понуда од Е-СМАРТ ТЕХНОЛОГИЈА 5.000 денари. 
 
Локација број 11: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 11.000 денари
Второ рангирана понуда од БМБ МАРИН од 8.000 денари.
Трето рангирана понуда од Ашим Маликовски 5.500 денари. 
 
Локација број 12: ТРИЦИКЛО КАФЕ со понудена највисока цена од 5.500 денари
 
Локација број 13: АМЕРИКО ДОГС со понудена највисока цена од 5.500 денари
 
Локација број 14: БМБ МАРИН со понудена цена од 8.000 денари
Второ рангирана понуда од Ана Кочановски - 7.000 денари
Трето рангирана понуда од ТРИЦИКЛО КАФЕ - 5.000 денари.
 
Локации до детскиот парк покрај оградата:
Локација број 1: КОНЗУЛ КАФЕ - 6.000 денари
Локација број 2: КОНЗУЛ КАФЕ - 6.000 денари
Локација број 3: ТРИЦИКЛО КАФЕ - 4.400 денари
Локација број 4: ТРИЦИКЛО КАФЕ - 4.400 денари
Локација број 5: Ана Кочановски - 4.400 денари

Предлог законот за измени и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска беше изгласан од мнозинството пратеници во Парламентот. Пратеникот Пеце Милевски ги објави измените на својот Фејсбук профил:

- Се придвидува возач кој поседува возачка дозвола од Б категорија, да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw, откако ќе наполни 23 години и минимум 5 години важечка возачка дозвола од категорија „Б“ и поседува потврда за посета на 4 часовна теоретска обука и која важи само на територијата на државата.  Ова овозможува подобрување на протокот на сообраќајот во урбаните средини, особено во услови кога најчесто се јавува појавата „еден човек – едно возило“, поголема мобилност на граѓаните и полесен пристап до работни места, услуги и други активности.
 
Зголемената употреба на помали моторни возила ќе значи придонес во заштитата на животната средина преку намалување на емисиите на штетни гасови и намалување сообраќајниот метеж. 
 
Новите промени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата обезбедуваат поефикасен сообраќај преку зголемувањето на проточноста и намалено загадување на урбаните места со концентриран сообраќај преку подобрен квалитет на воздухот, објави пратеникот Милевски.  
 FB IMG 1775678815529
Инаку, согласно Европската директива 2006/126/Е3, во Европската Унија, можноста за управување на мотоцикл до 125 см³ варира во зависност од земјата. 
 
Некои земји на Европската Унија го дозволуваат тоа под специфични услови, како на пример поседување на дозвола од Б категорија, одреден број години со Б категорија или заврушање на дополнителна обука. 
 
Во некои на самата возачка дозвола мора да се допише посебен национален код со кој што возачот кој поседува возачка дозвола Б категорија, ќе има право да управува мотоцикл до 125 см³ од категоријата А1.
 
Држави каде може да се управува мотоцикл до 125 см³ со возачка дозвола од Б категорија се: Шпанија, Грција, Португалија, Франција, Австрија, Чешка, Белгија, Луксенбург, Словенија, Полска и др.
 
На пример, во Италија на возачите со Б категорија им е дозволено да управуваат мотоцикл до 125 cm³ без полагање дополнителен возачки испит, под услов да поседуваат возачка дозвола одреден временски период.
Еден од најзначајните современи македонски писатели, Венко Андонивски беше гостин во Книжевниот клуб Утопија во Битола, каде се одржа вечер посветена на неговото најново дело „Александар јава на запад“, книга што самиот автор ја определува како „книга пред роман“.
Настанот, кој предизвика исклучително голем интерес и беше исполнет до последно место веднаш по објавата, уште еднаш потврди дека Битола располага со жива, внимателна и книжевно писмена публика, подготвена за содржини што не нудат лесна нарација, туку бараат вклученост и мисла. Разговорот со Андоновски брзо излезе од рамките на самото дело и се отвори кон пошироки прашања за современиот човек и неговата состојба.
-“Стануваме бесчувствителни суштества, кибернетички ликови“, истакна авторот, посочувајќи на процесот на постепено губење на чувствителноста во општество што сè повеќе функционира преку автоматизирани модели на однесување. Во таа насока, книжевноста, според Андоновски, не е украс, туку нужност.
-“Треба да се плаче“, рече, не како повик на сентименталност, туку како показател дека човекот сè уште поседува капацитет за доживување. „Ако читањето не донесе до ваша промена во животот, тоа не е читање, тоа е само вртење на очите по страниците“, додаде, нагласувајќи дека вистинското читање подразбира размислување и дејствување. Особено внимание беше посветено на јазикот и неговата улога во современото општество.
Андоновски предупреди дека голем дел од говорот денес се сведува на „празнословие“, на инфлација од зборови без тежина, при што, како што истакна, човек со текот на времето учи нешто што ретко се вреднува, а тоа е да молчи. „Молчењето е важна работа“, нагласи, правејќи разлика меѓу молчењето од страв и молчењето како избор на разбирање.
Новата книга „Александар јава на запад“ отвора повеќеслојна нарација во која историјата, симболиката и современоста се преплетуваат. Преку идејата за оживување на историски фигури и нивно движење низ современиот контекст, делото го проблематизира односот кон националниот идентитет, двојните стандарди и искривените вредности, користејќи иронија и апсурд како клучни поетички алатки.
Во текот на вечерта беше отворено и прашањето за вредносниот систем во современото општество. „Свесноста за доброто е најмногу загрозена“, истакна Андоновски, предупредувајќи дека релативизацијата на доброто и злото води кон постепена ерозија на цивилизациските темели.
Сепак, разговорот не заврши со песимизам. Во една од поедноставните, но највпечатливи мисли, авторот истакна: „Среќен ме прави насмеан човек“, оставајќи простор за надеж во враќањето кон основните човечки вредности.
Книжевниот клуб Утопија, преку вакви настани, продолжува да се позиционира како значаен алтернативен културен простор во Битола, каде литературата не се третира како форма, туку како жива мисла што се споделува и преиспитува.

Познатиот битолски анестезиолог д-р Тања Струмениковска - Ристевска се закити со највисокото признание во областа на здравството! - По повод Светскиот ден на здравјето 7 ми Април д-р Тања Струмениковска – Ристевска од Битола е наградена со Повелбата “Д-р Трифун Пановски” која ја доделува Македонското лекарско друштво. "Денес, на Светскиот ден на здравјето, на свечената прослава на 81-годишнината од основањето на Македонското лекарско друштво, ми беше доделена Повелбата „Д-р Трифун Пановски” – највисокото признание од областа на здравството во Македонија.

 FB IMG 1775596210700
Оваа награда им ја посветувам на сите мои колеги, медицинскиот персонал и пациентите, затоа што медицината е тимска работа. Без нив, немаше да го добијам ова најголемо признание.
 
Честит Светскиот ден на здравјето на сите кои секој ден се грижат за здравјето на пациентите!, oбјави д-р Тања Струмениковска Ристевска
ЈКП Водовод – Битола започнува со реконструкција на водоводната мрежа на ул. Караорман.
Во рамките на овој проект е предвидена реконструкција на водоводната мрежа, која опфаќа замена на постоечките цевки со полиетиленски во должина од 165 метри, како и изведба на 26 нови приклучоци. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1.449.418,00 денари.
Со реконструкцијата ќе се обезбеди поквалитетно и постабилно водоснабдување за корисниците и ќе се подобри целокупната водоводна инфраструктура.
Продолжуваме посветено да инвестираме во модернизација и унапредување на водоводната мрежа, во интерес на сите граѓани.
665906161 1276176344650798 4831376920043272365 n
668726185 1276176424650790 6541072923065357603 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани