Анета Блажевска

Анета Блажевска

ОГЛАС ЗА  ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

 
Општина Битола издава локации за поставување урбана опрема за комерцијално користење на Градското шеталиште во Битола за периодот од 15.04.2026 до 15.10.2026 година.
Локација за поставување на урбана oпpeмa:
- вкупно 4 (четири) локации за поставување урбана опрема- тезга со површина од 2 м2 под Мезе Бар Јагода во Битола.
- вкупно 5 (пет) локации за поставување урбана опрема- тезга или трицикл со површина од 2 м2 до Детскиот парк, покрај оградата, во Битола.
- вкупно 14 (четиринаесет) локации за поставување урбана опрема- тезга или трицикл со површина од 2 м2 по должина на градското шеталиште, од лева страна гледано кон градскиот базен во Битола.
Локациите за поставување на урбана опрема ќе се издаваат за времетраење од 15.04.2026 до 15.10.2026 година.
 
Почетната цена за издавање на локација за поставување на урбана опрема на Градско шеталиште изнесува:
- 2.500,оо денари по локација под Мезе Бар Јагода (тезги)
- 4.000,оо денари по локација до детскиот парк, покрај оградата (тезги и трицикл)
- 5.000,оо денари по локација по должина на градското шеталиште, од лева страна гледано кон градскиот базен (тезги и трицикл)
Почетните цени за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема се однесуваат на месечен период.
Во почетната цена за издавање на урбана опрема не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија и истите паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое физичко лице со живеалиште во општина Битола и секое правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Битола и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. 
 
Понудите да се достават најдоцна до 07.04.2026 година во 12:00 часот.
Понудите се доставуваат лично во Архивата на Општина Битола.
Повеќе на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/urbana-oprema/
На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше
градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор.
 
„Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во градот. Еден
од нив беше и урбаната опрема ( се мисли на просторот пред кафе
баровите), дали да ја има и во која форма. Да, ќе ја има и натаму но,
сега на пример пиењето кафе ќе бида како во западноевропските градови.
Таму ни се допаѓа како е тоа решено, тоа без исклучок сите го кажуваат,
затоа Европа треба да ја донесеме и тука. И не е само кафето на Широк
сокак. Решенија нудиме и за другите јавни простори имајќи предвид дека
старото градско јадро има свои правила, кои произлегуваат од законите на
Управата за заштита на културно наследство, ингеренциите на музејот и
одлуките кои ги носи Советот.
Дозволете ми да се осврнам на еден значаен документ кој денеска се наоѓа
на оваа 8-ма седница.
 
А, тоа е програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на
подрачјето на Општина Битола.
 
Стручната фела повеќе месеци работеше на оваа програма, се со цел да се
има еден стратешки документ околу поставувањето на урбаната опрема, која
не го опфаќа само просторот пред угостителските објекти туку таа ги
решава сите места, односно јавни површини во нашата општина.
Под поимот урбана опрема подразбираме и билборди и киосци во централното
градско подрачје, клупи, канделабри, детски паркови со реквизити и други
елементи.
И секако со овој документ, веќе нема да се случува како досега два пати
годишно да се носи измена на програмата, која е стара скоро 10 години.
Сега имаме решение и за она што најмногу беше присутно во јавноста, а
што претходниот состав на Советот не успеа да го донесе, но го започна,
а тоа е урбаната опрема и пред локалите на битолски Широк сокак.
 
Организирани беа неколку средби со стручната фела, здружението на
угостители од Битола, заинтересирани правни и физички лица и на крајот
се дојде до овој документ, кој во предвид зеде дел од забелешките,
мислењата на заинтересираните и пред се барањата на граѓаните.
Ова ќе значи, а и тие беа согласни дека не беше убава слика на
најамбиенталната улица во Битола, дека нема да има оградување како што
тоа беше досега во зимскиот период, а истото се однесува и за сите
останати делови од градот кои се на јавна или приватна површина односно
земјиште за општа употреба.
Се отстрануваат исто така и сите киосци во централното градско подрачје
, кое е заштитена зона како старо градско јадро, а во изминатиот период
беа отстранети и билбордите во центарот на Битола.
 
Сето ова се прави со цел Битола да наликува на европска град, урбан и
модерен град како што тоа го гледаме кога патуваме во странство, притоа
слушајќи ги апелите на граѓаните во изминатите четири години.
 
Исто така многу важен документ за кој денеска ќе расправате е и Одлуката
за поставување урбана опрема-тезги и трицикли на подрачјето на општина
Битола ( градскиот парк и шеталиштето), како и одлуката за утврдување на
почетна цена за давање под закуп на микролокации предвидени за
поставување на тезги и трицикли.
 
Сето ова ќе даде решение, односно организираност на сите елементи на
јавните површини, со цел поубав и функционален простор“, рече
Коњановски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани