Анета Блажевска

Анета Блажевска

Битола град на спортот! Денеска во Офицерскиот дом во Битола завршна конференција на проектот Спорт без бариери - современи методологии, практики и можности за инклузивен спорт! Фото АПЛА.мк
Проектот „Никој зад“ е со цел е да го зголеми учеството на децата и младите со попреченост во спортот, да не остави никој зад себе и паралелно да промовира активен начин на живот, поддршка на одржлива спортска политика, како и обезбедување секторска соработка за подигање на свеста за придонесот што спортот може да го даде.
Координатор на проектот е Центарот за активни млади - Битола во партнерство со организации кои работат со млади со попреченост од Шпанија и Португалија.
Преку овој проект за спорт без бариери се реализираа обуки насочени кон вклучување на деца со помалку можности, обука за тренери и истите беа насочени кон создавање можности за размена на најдобри практики, градење компетенции и поттикнување на иновативни идеи во врска со мерките за инклузија.
Во рамките на проектот изработен е Прирачникот кој ќе биде како ресурс за идни тренери и спортски организации.
Организаторот на настанот истакна дека преку него сакаат да понудат лесно достапни рекреативни активности за деца и лица со попреченост, активности што ги охрабруваат да бидат активни и што внесуваат повеќе спорт и вежбање во нивното слободно време и дневна рутина. Целта е да се создаде трајно позитивно влијание врз заедниците и земјите каде што ќе се одвива проектот, со демонстрирање на колективна солидарност, емпатија и поддршка за луѓето што живеат таму.
Проектот ќе придонесе за развој на социјално инклузивен свет, со фер распределба на ресурсите и правата.
Градоначалникот Тони Коњановски во своето обраќање ги спомна и јавните повици кои ги има објавено Општина Битола за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани.
Преку програмата за спорт беше објавен јавен повик за поддршка на спортски клубови и спортски здруженија во кои членуваат и деца од ранливи категории.
Врз основа на Програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2026 година, Општина Битола објави и јавен повик за ангажирање на консултант за изработка на Студија за состојбите, трендовите и потребите на лицата со попреченост и аутистичен спектар во Општина Битола.
Исто така и повик за обука на лични асистенти и негователи, како и за адаптација на пристапност, мобилност и функционалност на лица со попречености и за поддршка на лица со ретки болести.
Објавен беше и јавен повик за доделување на финансиски средства од буџетот на Општина Битола за поддршка на проекти за млади за 2026 година.

Тони Наумовски е годинешниот добитник на престижната награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година, на петтото јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран.

– Секое признание значи, исполнува, мотивира, обрзува и е привилегија посебно кога тоа признание доаѓа од дома. Мето Јовановски е голем мајстор кој што играше во лига на светски шампиони. За жал никогаш немав прилика да соработувам со него но секогаш уживам, се радувам и му се воодушевувам на неговите маестрални актерски остварувања – вели Наумовски.

ПОСЛЕ 30 ГОДИНИ, ОВАА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА СОЗДАДЕ КОМПЛЕТНИ УСЛОВИ ЗА ПОЧЕТОК НА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ДЕБАРСКА“

Последиците од 30 годишната негрижа за улицата "Дебарска", денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на проектот за комплетна реконструкција на инфраструктурата на улицата „Дебарска“ согласно Програмата за развојни планови и согласно склучениот договор со Министерството за транспорт, а со средства од унгарскиот кредит од вториот владин повик.

Градежните активности започнаа на првата делница на „Дебарска“, од улицата „Димитар Влахов“ до улицата „Илинденска“.

За реконструкција на мешовитата канализација на дел од улицата вкупната сума на средства е 12.148.109 денари, за реконструкцијата на водоводната линија на дел од оваа улица предвидени се 4.991.136 денари, а реконструкцијата на коловозот ќе чини 20.146.392 денари.
Должината на улицата која се реконструира е околу 1 километар.

После 30-тина проблематични години со оваа улица, оваа администрација изработи проект за улицата, обезбеди средства за реализација, склучи договори со изведувачи и ќе биде комплетно направена.

Вредно е да се спомене дека Општина Битола за инфраструктурни проекти за 2026 година издвојува над 900.000.000 денари, што значи дека главниот акцент оваа локална самоуправа го става на инфраструктурните проекти, додека за култура се издвојуваат нешто под 40.000.000 денари или 22 пати помалку или вкупно 1.9 % од буџетот на Општина Битола за 2026 година.

 Вработените на НП Пелистер спасија срнче од куче бездомник! "Вработените во ЈУ Национален парк -Пелистер Зоран Пројчевски - раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини спасија мала срна која беше нападната од куче бездомник. Подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна беше повторно споена со својата мајка, изјави директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски за АПЛА.мк https://www.facebook.com/share/r/1BFdwWzA1N/

Градоначалникот Тони Коњановски објави дека - Екипи на јавните претпријатија Нискоградба, Водовод и Комуналец со својата оператива се на терен во санирање на штетите по силниот дожд што ја зафати ноќеска Битола.
„Силните и интензивни врнежи помеѓу 22.00 и 01.00ч. направија оштетување на коловозот во дел од населбите Баир, Бадембалари, на улиците Дебарска, Бихач и Караорман. Дел од оперативата работи и на потегот Кравари и Бистрица. Заедно со директорите сум на терен со цел координирање и санирање на состојбите“, објави Коњановски 
Можно е да е слика од осветлување
Нема опис за фотографијата.

Во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот во Битола наврнале 26 литри дожд на метар квадратен, во Демир Капија, 24, Виница, 21, Лазарополе, 17, Берово, 14,  Крива Паланка,13, Гевгелија, 8, Скопје – Петровец, 2, а во Кавадарци, Крушево и Маврови Анови по 1 литар. 

Управата за хидрометеоролошки рабои (УХМР) информира дека денеска ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде до 32 степени.

МИА

Дрво се сруши врз автомобил во движење пред самата патека за Тумбе Кафе и Зоолошката градина во Битола. Сопственикот на автомобилот Ерџан Дардовски за АПЛА.мк изјави дека автомобилот е оштетен но имале среќа што патниците во колата не се повредени. "Дрво падна врз мојата кола и предизвика оштетување. За среќа не сме повредени со сопругата. Повикавме полиција. Но, што ќе беше ако се срушеше врз пешак или пак велосипедист? Голем стрес доживеав, ова е шок за секој, ќе барам да бидам обештетен", вели Дардовски за @Aпла.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЈКП „Водовод“ Битола ги известува и повикува сите корисници кои имаат неплатени долгови, опомени и тие кои што се тужени, навремено да ги подмират своите долгови за потрошена вода кон претпријатието. Со цел избегнување на дополнителни трошоци, на должниците им се дава рок од еден месец од денот на објавувањето на ова известување за доброволно подмирување на заостанатите обврски. Доколку во наведениот рок не се изврши плаќање, ЈКП „Водовод“ Битола ќе биде принудено да преземе соодветни законски мерки за наплата на побарувањата, вклучително и поведување на судска постапка против должниците.
Општина Битола во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола по четврти пат ова лето ја организира универзитетската летна пракса, со што се промовира практикантската работа за студентите.
40 студенти ќе имаат можност да ја спроведуваат праксата во одделенијата на Општина Битола, Советот и јавните претпријатија.
Успешна пракса на студентите денеска им посака градоначалникот на Битола Тони Коњановски, кој пренесе искуства од странски земји, каде студенти реализираат вакви пракси и сакаат да бидат дел од општинската администрација затоа што ја подразбираат како сервис на граѓаните и се одговорни за заедницата во која што живеат, а и дека и други општините од Македонија почнале да го следат овој пример.
Ректорот на универзитетот проф. д-р Игор Неделковски кажа дека она што Општина Битола и УКЛО го прават веќе четири години, деновиве како идеја за реализација почна да се организира од страна на државни институции, што за него, за УКЛО, за Општина Битола и за студентите е гордост што се револуционери во оваа идеја која започна пред четири години.
На денешната средба со идните практиканти присутни беа и дел од ректорската управа на универзитетот како и претседателот на Советот Бојан Бојкоски.
Универзитетската летна пракса се спроведува во летните месеци ( јули, август и септември) во секторите на Општина Битола и во јавните претпријатија кои се во надлежност на Општина Битола.
Секој од студентите има можност да изведува практикантска работа во период од еден календарски месец за кој ќе добива месечен надоместок од 10.000 денари во нето износ.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани