Анета Блажевска

Анета Блажевска

Вчера во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода 57-годишниот Е.Р. и 20-годишниот Е.Р. двајцата од село Обедник, Демир Хисар.

При извршен претрес во нивниот дом во село Обедник, со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција различен калибар како и останати предмети.

Исто така вчера, во 09:45 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода 61-годишниот Р.М. и 35-годишниот Р.Ш. двајцата од село Обедник, Демир Хисар.

При извршен претрес во нивниот дом во село Обедник со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени пет пушки, пиштол како и 38 парчиња муниција различен калибар. По документирање на настаните против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок. објавува Журнал.мк

Градоначалникот Тони Коњановски присуствуваше на одбележувањето на 250 годишнината од независноста на САД, на прослава во Скопје, на покана на новата амбасадорка на САД Н.Е Никол Варнс. Коњановски објави - " Честа е огромна да се биде дел од одбележувањето на 250-та годишнина од независноста на САД 
На покана од в.д. амбасадорот на САД, Н.Е. Никол Варнс, заедно со секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, присуствуваваме на одбележувањето на овој голем јубилеј кој ја слави идејата за независност, слобода, човекови права и демократија, за еднакви можности и иднина која им припаѓа на визионерите и оние кои имаат храброст да ја создаваат.

Нека е честит големиот јубилеј, 250-години од независноста на Соединетите Американски Држави и нека биде вечно пријателството и партнерството помеѓу нашите два народи, објави Коњановски. 

БИТОЛА - Во воспитно-образовната дејност присутен е подмладок кој работи со деца, односно има обврска и должност да поучува и описменува генерации. Едни кадри се пензионираат, други ги заменуваат, нели како што наложува старосната граница за пензионирање. Помладите наставни кадри (некои подолго време дипломирани, а некои штотуку дипломирани) треба континуирано да се интересираа и да учат односно да се надградуваат во своите професионални компетенции.

Почетници на самиот почеток од професионалната кариера се приправници, односно една учебна година се консултираат и соработуваат со нивен ментор, кој според програма за работа со приправник дава насоки, совети, сугестии за подобро одвивање на наставниот процес и секако му помага на приправникот со укажувања, да биде подобар и каде треба да се поправи. Соработката помеѓу менторот и приправникот, треба да биде на високо професионално ниво. Само така најдобро се учи и без проблем се полага приправничкиот испит. Но дали е доволно почетникот само да изведува настава и толку? Секако дека не е доволно. Кај самиот приправник треба да постои волја и ентузијазам за работа со ученици, а тоа најдобро ќе се согледа од самиот пристап кон училиштната средина. Не е така лесно да се биде наставник и да се работи со тој убав, млад свет. Секоја генерација е различна со посебни барања, потреби и очекувања... Како што се менува времето, така се менуваат и генерациите што доаѓаат со него. Наше е да ги прифаќаме промените и да се трудиме да се приспособуваме на нив.

Да се учи од поискусниот треба да претставува: чест и задоволство

Сезнајковци ниту постоеле, ниту ќе постојат. Учиме целиот живот. Учиме, се интересираме, сознаваме, прашуваме, од причина што треба да бидеме цивилизирани луѓе. Значи помладите наставници кои се вклучени конкретно во наставниот процес, треба да соработуваат со своите повозрасни колеги, па и со сите, како со стручната служба, така и со останатите вклучени во образовната средина. Никогаш не е доцна од знаење плус во рамки на професионалната кариера. Може многу да се научи од наставник кој работи на пример 30 години во настава, затоа што неговото искуство дава пример како треба да се настапува како вршител на дејност во училница, во училиштна средина, па и пошироко. Нема срамење и мака кога треба да се научи и совлада нешто трајно. Тоа е должност и обврска на сите нас просветари. Исто така во професионалното досие на еден наставник (поготово, приправник), многу е важна консултацијата со училиштен педагог, психолог итн. Професионалното досие на наставникот е поврзано со професионалното досие на ученикот, затоа што тоа е лик и дело на работењето и на сиот вложен труд на наставникот и на ученикот или подобро кажано доказ за оформување на оценка (постигнувања на наставникот и постигнувања на ученикот). Наставникот-почетник мора да се консултира пред секој чекор што ќе го направи во работењето со учениците и во водењето на педагошката евиденција, како и пред изведувањето на сумативна оценка за учениците. Многу е важен тој период на соработка и консултација поговото пред крај на полугодие или наставна година. Така се стекнува искуство. Но таа свест и одговорност останува на самиот приправник. Не можете со сила ништо да правите и никого да натерате да сработи нешто. Се очекува и правилно е од помладите наставници приправници: соработка, консултација, договор, интерес, доследност, разбирање и одговорност. Ако се почитуваат овие клучни начела, секако дека резултати и успеси ќе има. Повторувам никој не е сезнаен, учиме целиот живот!

Позитивниот пристап кон наставата значи напредок

Како наставници мора да имаме позитивен пристап кон наставата и кон обврските што ги имаме во неа. Имаме обврска да останеме позитивни и да шириме пријатна атмосфера за работа, оти од нас тргнуваат сите впечатоци... т.е како ние ќе се поставиме така ќе се изгради мислењето за нас. Секој наставник е менаџер на часот и треба да го дава најдоброто од себе за тие што ги поучува – за учениците. На тој начин, се споделува животна вештина. Само така ќе пренесуваме убаво искуство на нашите помлади колеги кои имаат чест да работат во образование и да поучуваат. И што е најважно потребно е да се почитуваме едни со други, да покажуваме емпатија и професионален однос спрема сите, без разлика каде сме и со кого сме. Така се негува и надградува личниот авторитет и принцип на работа. За да има образовен напредок клучен е личниот капацитет и колегијалната соработка. Таа лекција еднаш се учи, а секогаш се применува. За крај да потсетиме дека учењето, поучувањето и повторувањето се здрави навики кои траат доживотно. Како ќе им пристапиме зависи од нас самите.

Автор: професор Александар Адамовски    

Горан Исков е  новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, одлучи претседателот Христијан Мицкоски. Исков во изминатите пет години беше потпретседател на ОК на партијата во Битола, кога на чело на партијата беше Пеце Милевски. Исков е директор на ЕСМ Молика под чија надлежност е хотелот "Молика"  на Пелистер. Во изминатиот период во јавноста се зборуваше за неколку сериозни  кандидати во трката за претседател на општинскиот комитет, но Исков секогаш беше меѓу фаворитите, велат извори од партијата. Исков по изборот на својот Фејсбук профил објави: 

"Драги битолчани, по одлуката на Извршниот комитет, а по предлог на претседателот Христијан Мицкоски, чест ми е да соопштам дека ми е укажана довербата да го водам најголемиот ОК на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Битола.

Довербата која ми ја доделија ме исправа пред огромна одговорност. Оваа позиција ќе ја спроведувам не сам, туку како и досега рамо до рамо со членството, пратениците, градоначалникот и сите битолчани.

Позицијата претседател на ОК Битола за мене претставува голема чест, мотивација но во ист момент голема обврска и заложба за успех.

Голема благодарност до досегашниот претседателот на ОК Битола, Пеце Милевски  кој несебично го водеше општинскиот комитет, за целосниот негов ангажман и водењето низ неколку изборни победи.
Ветувам многу работа, чесен и одговорен пристап, достапност до сите членови, поддржувачи симпатизери и обични граѓани.

Ќе ја јакнеме организација, ќе го чувстуваме пулсот на народот и заедно ќе ја водиме Битола напред со честити граѓани што го заслужуваат најдоброто, објави Исков. (А. Б)

Црвениот крст на Македонија ја одржа Конститутивно-изборната седница на Собранието, при што со одлука на Собранието, за претседател на Црвениот крст на Република Северна Македонија за новиот четиригодишен мандат е избрана д-р Лилјана Ристевска. За потпретседатели на организацијата се избрани Билјана Костова и Фатби Османи. 

Со ова официјално започна новиот четиригодишен мандат на највисокиот орган на организацијата.

На седницата присуствуваа новоизбраните делегати на Собранието, претставници на општинските организации на Црвениот крст, како и соработници на организацијата.

Претходно Д-р Лилјана Ристевска беше претседател на Општинска Организација на Црвен Крст во Битола. 

Ристевска речиси две децении е дел од Црвениот крст и низ годините имала можност да работи на различни скалила – од волонтер до претседател на Општинската организација на Црвен крст Битола и потпретседател на националното друштво.

СВР Битола соопшти -  На 29.06.2026 во 14:50 часот на Градскиот пазар во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.В.(47) од с.Баница, струмичко, затоа што со дрвен предмет ја нападнал неговата сопруга. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

Пратеникот од Битола Пеце Милевски објави - изгласани измените во "Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата".  Милевски објави -  После неколку денови во собраниска процедура денес се изгласани измените во "Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата"

Со законските измени се врши суштинска интервенција во однос на дозволената брзина со која се движат лесните електрични возила, односно се предвидува максимална брзина од 20км/ч, согласно препораките на Европската унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип на возила и други измени.

Се заострува казнената политика за сторителите на прекршоците предвидени во законот, а во конкретни случаи покрај изречената глоба се предвидува и одземање на возилото – возење од малолетен возач, пречекорување на дозволена брзина, превезување на друго лице, возење под дејство на алкохол.

Се пропишува, минималната возраст да биде од 18 години за управување на овие возила.
Свесни дека оваа мерка е строга и дека е висока.
Но истата ја предлагаме со една и единствена цена, да ги заштитиме младите учесници во сообраќајот.
Анализите на МВР покажуваат дека во повеќе од половината во несреќите со електричните тротинети, истите биле управувани од лица од 16 и 17 годишна"

Нов генерален конзул на Бугарија во Битола е дипломатот Петар Петров. Петров доаѓа на местото на доскорешниот Николај Димитров, кој предвреме беше разрешен од властите во Бугарија. "Денеска во мојот кабинет остварив средба со новиот Генерален конзул на Република Бугарија во Битола Петар Петров.

На средбата го запознав со личната карта на градот, со историјата, културата, традициите.

Разменивме мислења за можностите за соработка во повеќе области пред се економијата и потенцијалите за инвестиции, туризмот, културната размена и другите области на живеење, објави градоначалникот Тони Коњановски. FB_IMG_1782822405221

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани