Анета Блажевска

Анета Блажевска

Нов генерален конзул на Бугарија во Битола е дипломатот Петар Петров. Петров доаѓа на местото на доскорешниот Николај Димитров, кој предвреме беше разрешен од властите во Бугарија. "Денеска во мојот кабинет остварив средба со новиот Генерален конзул на Република Бугарија во Битола Петар Петров.

На средбата го запознав со личната карта на градот, со историјата, културата, традициите.

Разменивме мислења за можностите за соработка во повеќе области пред се економијата и потенцијалите за инвестиции, туризмот, културната размена и другите области на живеење, објави градоначалникот Тони Коњановски. FB_IMG_1782822405221

25 ГОДИНИ ГРАДСКА МЕМОРИЈА: ЗАВРШИ ЈУБИЛЕЈНОТО 25. ИЗДАНИЕ НА „БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД“

По четири дена исполнети со музика, уметност, дебати и средби, викендов заврши јубилејното 25. издание на „Битола Отворен Град“ фестивал кој веќе четврт век претставува едно од најзначајните обележја на урбаната култура во Битола и Македонија.

Со повеќе од 30 програмски содржини реализирани на десетина локации низ градот, годинашното издание уште еднаш ја потврди својата препознатлива мисија, културата да излезе од затворените простори и да стане дел од секојдневието, улиците, парковите, локалите и местата каде што луѓето природно се среќаваат.

Фестивалската програма започна со изложбата „Ела поблиску“ на Тони Соколов и традиционалната „Вечер со пријателите“, на која настапија Пијан Славеј и Добрила Грашеска. Следуваа концерти на домашни и регионални артисти, меѓу кои LELEE од Словенија, Суперхикс кои во Битола го имаа својот 300-ти концерт, Осми Дан од Србија, битолските Eruption, како и настапите на демо-бендовите кои уште еднаш потврдија дека фестивалот останува простор каде што новите генерации ја добиваат својата шанса.

Посебно место во програмата имаа традиционалната Берза на винили, Triple DJ Attack со артисти од Македонија, Србија и Грција, DJ работилницата со Herzel, едукативната работилница „Money Talks – Финансиска писменост за новата генерација“, како и јавната дискусија „Дали сме навистина добро?“, која отвори важни теми за менталното здравје и современото општество.

Во текот на четирите фестивалски денови, „Битола Отворен Град“ повторно ги поврза музиката, визуелната уметност, едукацијата, активизмот и независната културна сцена, претворајќи ја Битола во отворен простор за идеи, креативност и дијалог.

Но, бројките се само дел од приказната.
Зад секоја сцена, концерт, изложба и работилница стоеше тимот на Младинскиот културен центар Битола, волонтерите, техничари, соработници, партнери, локали, институции и поддржувачи кои со својата посветеност покажаа дека фестивал од ваков формат може да постои само кога зад него стои цела заедница.

Во време кога културните настани најчесто се организираа во концертни сали и институции, „Битола Отворен Град“ избра поинаков пат. Многу пред фестивалите на улица, концертите во паркови, изложбите во кафе-барови и програмите во алтернативни простори да станат тренд, овој фестивал веќе ја отвораше Битола. Ги претвораше дворовите, локалите, улиците и јавните простори во сцени пред две децении и покажуваше дека градот сам по себе може да биде културна институција. Денес тоа изгледа природно. Пред 25 години беше визија.

Во изминатите 25 години, низ „Битола Отворен Град“ поминаа стотици музичари, уметници и креативци од Македонија, регионот и Европа. Многу бендови кои денес имаат значајни кариери своите први фестивалски настапи ги имаа токму овде. Илјадници посетители, пак, токму на овој фестивал го доживеале својот прв концерт, откриле нов омилен бенд, стекнале пријатели или едноставно создале спомени што остануваат.

Затоа „Битола Отворен Град“ одамна не е само фестивал.
Тој е дел од идентитетот на градот.

Некои градови имаат фестивали.
Битола веќе 25 години има фестивал што стана дел од нејзината градска меморија.

Младинскиот културен центар Битола упатува искрена благодарност до сите уметници, посетители, волонтери, медиуми, институции, партнери, спонзори и пријатели кои беа дел од ова јубилејно издание.

Затоа што фестивалите не ги создаваат само програмите.
Ги создаваат луѓето.
А токму тие се причината поради која „Битола Отворен Град“ трае веќе 25 години и продолжува да го отвора градот.

Хумани луѓе помогнаа тетка Елица Стојановска од село Барешани да добие нов дом со помош на донации организирано од црковниот одбор на манастирот "Свети Маркуриј" во Барешани! Верниците ја познаваат Стојановска како жената која помага во манастирот и се грижи за него. Од Црковниот одбор објавија - После пожарот кој се случи на 29.12.2025г. во домот на Елица во с. Барешани, сега конечно се всели во новата куќа која се изгради со помош на донации благодарност до сите фирми и поединци кој придонесоа и овозможија тетка Елица да има нов дом! , објавија од манастирот.

МВР известува - 58 санкции за возачи во акциска контрола во Битола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување
На 28.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување спроведоа акциска контрола на подрачјето на град Битола, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 58 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив шест мерки кон возачи на електрични тротинети, 25 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитен шлем (кацига), една мерка за истечена полиса за осигурување, три мерки за несоодветна категорија и 18 мерки за останати сообраќајни прекршоци.
При акциската контрола одземено е едно моторно возило за предизвикување на бучавост по член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Откриени се и четири кривични дела и лишени се од слобода четири лица за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик за управување на мотоцикл без да поседува возачка дозвола. На сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

На 62-годишна возраст почина режисерот Сашо Миленковски – еден од најистакнатите театарски творци и влијателно име во македонскиот театар.

Во текот на речиси четири децении активна работа, неговата режисерска креативност создава дела со трајна вредност, оставајќи силен и препознатлив белег не само во домашната, туку и во пошироката театарска сцена. 

Неговата професионална кариера започнува уште пред дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, преку ангажманот во мултинационалниот проект КПГТ во Суботица (1988–1991), кој се разви во значајна сцена за современи театарски експерименти и меѓународна соработка.

Меѓу најзначајните негови остварувања се издвојува праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски во Битолскиот народен театар (1992), која освои четири награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и беше изведена на „Охридско лето“ и „Млад отворен театар“. Со оваа претстава, како и со „Буре барут“ поставена во Македонскиот народен театар во 1994 година, Миленковски даде значаен придонес во промоцијата на Дуковски, кој подоцна се етаблира како еден од најизведуваните македонски драмски автори во светот.

Покрај тоа, успешно ги поставува и драмите „Тетовирани души“, „Црна дупка“ и „Баханалии“ од Горан Стефановски, како и „Лични огласи“ од Братислав Димитров. Важен дел од неговиот опус се и претставите „Кандид во земјата на чудата“, „Кинегонда во Карлаленд“ и „Јов“ од Венко Андоновски, реализирани во Драмски театар – Скопје.

Во периодот од 2006 до 2010 година ја извршува функцијата директор на Македонскиот народен театар, а од 2010 година е драматург во Драмски театар – Скопје, каде што активно учествува во креирањето на современиот репертоар.

Неговите претстави редовно се наградувани и селектирани на многу фестивали. Двапати ја добива наградата за најдобра режија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ – во 1993 година за „Game over“ (Народен театар – Куманово) и во 2007 година за „Македонски рулет“ од Љубиша Георгиевски (Драмски театар Скопје), при што и двете претстави се прогласени за најдобри во целина.

Во мај годинава Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ му ја додели и наградата за животно дело, признание за неговиот исклучителен придонес во театарската уметност.

Во Битола утрово во 8 часот се измерени 23 степени, објави УХМР.  

Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Можно е да е слика од мапа и текст кој вели „Времето утре 29.06.2026 Град Тмин. Ckonje Тмакс. 21 38 Гевгелита 21 Тетово 39 19 Прилеп 37 20 Штип 34 21 37 20 Струмица Охрид Ckonje Крива Крива-Паланка Раланка 39 Тетово 19 Демир Капита 31 21 Берово 39 Маврово 14 Велес Битола 33 Берово 18 ШТип Крива Паланка 33 17 Маврово 34 17 Прилеп Велес Охрид 30 Демир Калиа 21 39 Струмица Битола евгели,а“

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 km/h.

Можно е да е слика од текст кој вели „AeH BTopHиK (30.06) Bpeme CpeAa (01.07) 4eTBpToK (02.07) BeTep neToK (03.07) Ca6oTa (04.07) MиH.Tem.( (°C 12Ao22 12 Ao 22 13 Ao 22 Mak.TeM. (℃) 32 Ao 39 12 Ao 21 30 Ao 38 13 Ao 20 29 Ao 37 23 Ao 19 28 Ao 36 27 Ao 35“

Денеска во Скопје по кусо боледување почина Владо Јаневски (65), еден од најпопуларните македонски пејачи и автори. Јаневски во август требаше да одржи концерт во Охрид, кој се рекламираше на почетокот на годината, па потоа се откажа. Како што ни рекоа соработниците на пејачот, тој се лекувал во една од скопските приватни болници во последниве неколку месеци. Последниот настап за кој објави на социјалните мрежи е од март, кога ѝ беше гостин на хрватската пејачка Весна Писаровиќ на нејзиниот концерт во Филхармонијата. Јаневски одржа заеднички концерт со Момчило Бајагиќ-Бајага на 14 февруари во Скопје, а две недели потоа настапи на „Златна бубамара на популарноста“.

На 26.06.2026 во СВР Битола е пријавено дека биле одземени потопни пумпи и агрегат за струја во атар на с.Добромири, сопственост на приватна фирма која гради пречистителна станица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Деновиве започна изградбата на уште еден голем и исклучително значаен проект за жителите на село Добромири – пречистителна станица, изградена според најсовремените стандарди за заштита на животната средина. Со реализацијата на овој проект ќе се заокружи целокупната изградба на канализационата мрежа во селото, обезбедувајќи современо, безбедно и еколошки одржливо решение за третман на отпадните води, објави Општина Новаци .

СВР Битола известува. - На 26.06.2026 во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат  Градско - Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес" со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот. Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани