Анета Блажевска

Анета Блажевска

Почина Драги Гроздановски поранешен пратеник од Битола. Гроздрановски е роден 1957 година во Битола. Завршил правен факултет, беше пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на парламентот, беше претседавач на Советот на Општина Битола и истовремено координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Функцијата директор на Агенција за разузнавање ја извршуваше во два наврати во периодот од март 2000 година до февруари 2002 година и од мај 2003 до септември 2004 година. Погребот ќе биде извршен утре. 

 Бесплатен јавен Wi-Fi достапен во Општина Битола

Граѓаните и посетителите од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi на следната локација:
 Градски пазар
 
WiFi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.
Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ државата и Западен Балкан. Нашата општина/град ќе биде една од 500 во регионот кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската Унија.
Сите граѓани и посетители можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска.
Со оваа поддршка, Општина Битола продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.
 
 

Верица Недеска и Игор Ангелов со „Љубовни писма“ во интимна театарска вечер во UTOPIA

 
Во среда, на 18 март со почеток во 19:00 часот, во просторот на UTOPIA Private Business Club, ќе се одржи театарска вечер посветена на камерната дуо-драма „Љубовни писма“, во изведба на двајца исклучителни актери, Верица Недеска и Игор Ангелов.
 
Оваа топла, суптилна и духовита претстава ја следи животната приказна на Томас и Алис, раскажана преку нивната долга преписка која трае речиси педесет години. Низ писмата, двајцата ликови го откриваат својот свет – соништата што ги имале, изборите што ги направиле, амбициите што ги воделе, но и грешките, пропаднатите бракови, воспитувањето на децата и тивките разочарувања што ги носи животот.
 
Иако нивните патишта често се разминуваат, писмата остануваат нивниот заеднички простор – место на искреност, нежност и понекогаш иронија, каде што времето не успева целосно да ја избрише длабоката врска што ги поврзува.
 
„Љубовни писма“ е пример за театар во неговата најчиста форма, претстава во која една маса, две столици и двајца актери се доволни за да се создаде силна емоционална сцена што публиката ја носи со себе долго по завршувањето.
 
По изведбата, вечерта продолжува со неформално коктел-дружење со актерите, во атмосферата на UTOPIA, која во последниот период се позиционира како простор за камерни културни настани и блиска средба меѓу сцената и публиката.
 
Билетите се по цена од 500 денари.
 
UTOPIA Private Business Club продолжува со програмата на интимни театарски вечери, кои ја носат сценската уметност во поинаков, поблизок формат, каде публиката не е само гледач, туку дел од самата атмосфера на претставата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани