Анета Блажевска

Анета Блажевска

РАКОМЕТНАТА ГОРДОСТ НА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА: НОВА ПЛАТФОРМА, НОВИ ПОБЕДИ

 
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на РК „Еурофарм Пелистер“ Зоран Стерјев, денеска ставија потписи на договорот со кој продолжува платформата за ракометна Битола.
 
Нема поголемо задоволство и чест заедно да продолжиме една успешна платформа која во изминатите шест години во три наврати ја продолжуваме, рече на денешното потпишување на платформата градоначалникот Коњановски. FB IMG 1772636088025
 
„Отвараме нов период на обострано задоволство. Јас секаде тоа го потенцирам дека ова треба да биде мотив за сите како треба спортот, бизнисот, градот да опстојуваат заедно во една платформа. Голема благодарност и за поддршката од спортската јавност, на новинарите, на медиумите, на граѓаните на Битола, секако и на Чкембарите. Сите задоволни да продолжиме во еден  многу светол период со истите и поголеми амбиции понатму, во периодот кој ќе отвори нови врати на ракометот. Овој спортски храм треба да живее и натаму. Ние знаете имаме иницијативи и  огромни вложувања во спортот, така што резултатите се видливи и ќе бидат уште подобри“ рече градоначалникот Коњановски.
 
Претседателот на клубот Зоран Стерјев изрази благодарност во општината, до градоначалникот за досегашната соработка, за периодот во кој како што рече, ја обликуваа натамошната соработка за комплетниот ангажман.
 
„Оваа платформа можеби ќе биде малку поразлична, од аспект што и досега беше платформа на обединување, меѓутоа овој период покажа дека тоа обединување станува уште поголемо. Кон платформата очекуваме дека ќе се приклучат и други стопански субјекти кои што веќе го најавуваат своето присуство на платформата и тоа е она што посебно радува, што платформата и со својата успешност покажа, докажа дека тоа е, како што кажа и градоначалникот е патот кој треба да го трасираме и патот по кој што треба да се движиме за успех и во спортот и во градот“ рече Стерјев.
 
Кажа дека амбициите се големи, дека секога година се подигнуваат за одреден степен. Таргетите, како што вели тој, се освојување на сите титули во нашата држава, достојно и квалитетно претставување во европските купови и дека е убеден дека тоа повторно ќе биде Лига на шампиони затоа што овој град, оваа публика, момците кои што се дел од екипата и на крајот сите ние, заслужуваме да останеме еден од 16-те градови каде што се игра најквалитетниот ракомет во Европа, а со тоа и во светот.

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛБАТА „СТРЕЛИШТЕ“

 
Започнаа градежните активности за изградба на ново спортско игралиште во битолската населба „Стрелишта“ кое ќе има кошаркарско и ракометно игралиште според стандарди за одржување на официјални спортски натпревари.
 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска беа на локацијата каде што започнаа градежните работи.
 
Ракометното игралиште ( мал фудбал) ќе биде со димнензии 40 на 20 метри, а кошаркарското игралиште со димензии 30 на 15 метри. 
 
Освен тоа ќе има и мини атлетста патека во рамките на фудбалското игралиште и патека за пристап до игралиштата од бехатон плочки.
 
Ќе се изврши целосно отстранување на посточекиот асфалт, а ќе биде поставен нов асфалт со еластична подлога од тартан.
Околу спортските терени ќе биде заменета постоечката ограда со нова метална транспарентна, висока 4 метри.
 
Вредноста на овој проект е 26.470.435 денари, а средствата се од министерството за спорт, кои Општина Битола ги доби од вториот владин повик.

ВО ПОСЕТА НА ГРАДИНКАТА „РОСИЦА 1“ КАДЕ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ИНВЕСТИРАНИ СЕ НАД 3,7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска ја посети детската градинка „Росица 1“ во Бистрица, која е дел од установата „Естреја Овадија Мара“ Битола.
 
Беше информиран дека во текот на изминатиот период активностите на раководството на детската градинка беа насочени кон континуирано унапредување на условите за престој, воспитно-образовна работа и безбедност на децата, како и кон подобрување на условите за работа при што посебен акцент беше ставен на инвестиции во инфраструктурата, безбедносните системи и работната средина.
 
Во Детска градинка „Росица 1“ Бистрица со цел создавање побезбедна и поквалитетна средина за децата, извршена е поправка и санација на покривната конструкција, поставена е громобранска инсталација, реализирани се ѕидарски и фасадерски работи, извршени се столарски интервенции, спроведени се молерофарбарски работи, како и водоводни и електричарски интервенции и инсталација на хидрантска мрежа и поставување на хидрант, а беше спроведено и чистење на густата вегетација околу градинката.
 
Вкупна вредност на инвестицијата е 3.785.359 денари.
 
Со овие зафати значително се подобрени безбедносните и хигиенските услови, како и функционалноста на објектот, беше истекнато за време на посетата.

На 02.03.2026 во 01:45 часoт во СВР Битола било пријавено дека во казино на ул.„Филип Втори Македонски”, М.С.(38) од Битола го нарушил јавниот ред и мир, при што со метален предмет оштетил апарат за игри на среќа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

СВР Битола информира - На 28.02.2026 во 14:08 часот на ул.„Цар Самоил" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.К.  (44) од  Битола, затоа што управувал патничко возило „даеву" со битолски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.46 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Лишен од слобода битолчанец поради измамите со лажни лекари и сообраќајки, поднесена е кривична пријава 

 
СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ до Основното јавно обвинителство Битола поднесоа кривична  пријава против Д.Н.(67) од Битола и против две непознати лица поради сомнение за сторено кривично дело „измама" казниво по чл.247 ст.1 од КЗ.
 
Д.Н. и другите две лица телефонски се јавувале кај повозрасни лица, се претставувале како лекари и ги доведувале во заблуда дека членови од нивните семејства учествувале во сообраќајни несреќи и се здобиле со тешки повреди, па требало да дадат пари за нивно лекување. 
 
Тие успеале да измамат  84-годишна битолчанка и 83- годишен битолчанец при што им одзеле вкупно 20.000 евра, при обид да измамат 78-годишна жителка на битолско село на 27.02.2026, таа го пријавила случајот во СВР Битола и веднаш  се преземени мерки и активности, при што полициски службеници  на лице место го затекнале и го лишиле од слобода Д.Н. при обид да ги земе парите. Д.Н. во целост ги признал кривичните дела, по што е поднесена кривична пријава.
 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани