Анета Блажевска

Анета Блажевска

СВР Битола - На 25.02.2026 во 16:00 часот во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра. Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ловџии денеска откриле угинат рис на патот Преспа-Ресен, по што го известиле Македонското еколошко друштво (МЕД). Станува збор за едно од најретките и најзагрозените животни во македонската природа, а според проценките, во дивината има само педесетина единки од балканскиот рис. "По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.

Градоначалникот  Тони Коњановски објави дека направил увид во градежните работи на реконструкција на улици во селото Трн.
Реконструкцијата опфаќа пет улици со вкупна должина од 1021,14 метри, сите широки по 3,5 метри и банкини од двете страни широки од 50 см.
Вкупната вредност на проектот е 7.181.218 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за транспорт преку вториот владин повик.
Со ова ја подобруваме патната инфрастуктура и во руралните средини, а како Општина остануваме посветени на подобрување на условите за жителите на Општина Битола.

Вработена во Управата за водење на матични книги во Битола била физички нападната на своето работно место, а осомничената жена е приведена, информира полицијата.

 

На 23.02.2026 во 17:10 часот во СВР  Битола, Џ.М.(33)  од Битола,  вработена во Управата за водење на матични книги Битола пријави дека на работното место била физички нападната од Љ.С.(44) од с.Могила, општина Могила. Љ.С. е приведена во Полициската станица Битола и по целосно документирање на настанот против неа ќе следува соодветен поднесок.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани