Анета Блажевска

Анета Блажевска

Градоначланикот Тони Коњановски објави дека од денеска во старата касарна  започна да се реализира проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“, што опфаќа коловоз, атмосферска канализација и улично осветлување.

 
Асфалтната површина ќе биде од 1550 м2, а вредноста на проектот е 7.382.097 денари.
 
Овие средства како Општина Битола ги обезбедивме преку вториот повик на владата од Министерството за транспорт, објави Коњановски .

СВР Битола информира - На 26.02.2026 во 18:10 часот на патот Прилеп-Ресен, кај место викано „Тунелот” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода  Н.М.(20) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.М., при што било констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Обиколницата околу Битола е затворена за сообраќај од 18:30 часот поради свлечиште, информира ЈП „Македонијапат“.

Од претпријатието соопштија дека сообраќајот привремено се пренасочува низ градот Битола, додека екипите работат на расчистување на теренот, пренесува МИА.

Екипи на ЈП „Македонијапат“ се на лице место и преземаат активности за отстранување на свлечиштето и што побрзо нормализирање на сообраќајот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани