
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ИЗГРАДЕНИ ТРИ НОВИ ИГРАЛИШТА ВО ,,ОБЛАСТА"


Промоција на романот „Толку темно“ од Сашо Димоски во книжевниот клуб UTOPIA
МЕЃУНАРОДЕН САМИТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ПАРИЗ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ПРОТИВ АНТИСЕМИТИЗМОТ
Бројни православни верници од Битола на Света Божествена Литургија во храмот „Света великомаченичка Недела“-Битола, утрово ги пречека моштите од Светата Великомаченичка Недела и се поклонуваат пред нејзините свети мошти. Моштите ќе останат трајно во храмот. Постапката за носењето на моштите започнала пред неколку години, кога со благослов на Митрополитот Петар, битолската црква „Света Недела“ ја посетил свештеникот Рафаил – Холанѓанец, кој служи во цариградската Диецеза во Холандија. Отецот Рафаил и претходно на целивање ги донесе моштите на Свети Никола, кои престојуваа во битолскиот храм неколку недели. Црквата сега го подготви кивотот – дрвено ковчеже во кое реликвијата ќе биде изложена трајно во храмот „Света Недела“ во Битола. Со светата литургија чиноначалствуваше старешината на храмот, протоереј Николче Неделковски, во сослужение со протоереите Стеван Здравевски и Крсте Тасески, а помагање имаше и од ѓаконот Михаил Атанасов. Се отслужи Воскресна утрена и литургија.


