Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

Утре во црквата "Света Недела" во Битола ќе се одржи Света Божествена Литургија по повод  пречекот на моштите на Светата великомаченичка Недела во истоимениот храм во Битола со почеток од 07:00 часот.
 
Повик до сите,
Возљубени во Христа браќа и сестри,
заедно да се собериме и помолиме во недела, на 23 ноември, со почеток од 07:00 часот во радоста на Светата Божествена Литургија во храмот „Света великомаченичка Недела“-Битола, каде што ќе се удостоиме и со дополнителен благослов: да бидеме дел од пречекот на моштите  од Светата Великомаченичка и да се поклониме пред нејзините свети мошти.
 
Да се собереме заедно и да Му благодариме на Господа за сите Негови дарови и за молитвеното застапништво на Света Великомаченичка Недела. 
 

СВР Битола информира дека 23 годишна битолчанка е тешко повредена во сообраќајката што се случи вчера вечер на патот Битола, граничен премин Меџитлија. Според полицијата на 21.11.2025 во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(23) од Битола и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од А.Х.(30) од Република Грција. Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната А.С., констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

ИЗВЕСТУВАЊЕ од ЈП Паркинзи Битола

 
Почитувани корисници на услугите на затворениот паркинг пред Домот на културата, Ве информираме дека утре (сабота 22. 11. 2025 г.) заради посета на висока делегација на нашиот град паркингот нема да работи. 
Воедно апелираме до граѓаните кои се корисници на овај паркинг, своите потреби за паркирање да ги извршат на некоја од соседните локации. 
Ви благодариме на разбирањето и соработката. 
 
Со почит, ЈППЈЛП БИТОЛА

УХМР објави дека во Битола до 7 часот утрово наврнаа 30 литри дожд на метар квадратен. 

За денес метеоролозите предупредуваат на повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

586684112 1331702645634278 7337709994320724157 n

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.

586631746 1331703835634159 8342113247796007118 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани