АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Украдена е голема сума на пари кои жител од пелагониското село Вашарејца ги чувал во својот дом. Од СВР Битола за Апла.мк потврдија дека денес добиле пријава од 61-годишен жител на селото дека пари му се украдени од домот. Според пријавата непознат сторител со употреба на подесен предмет го отстранил катанецот од влезната врата на куќата во Вашарејца и одзел пари.
Од полицијата не посочуваат за колкава сума се работи. Според неофицијални извори, украдени се за илјадници евра. Жителите од селото се зачудени зошто оштетениот толкава сума на пари чувал во сопствениот дом. СВР Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.