2win800x200

Истрага за убиството во Битола, побаран притвор за осомничениот

Февруари 22, 2022
фото Интернет фото Интернет

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Вчера дедо го уби поранешниот зет  во Битола откако овој со остар предмет насила му упаднал во семејната куќа и му се заканувал на поранешната сопруга, ќерка на осомничениот.
 
Убиен е 44-годишниот битолчанец С. С. од страна на неговиот поранешен дедо Т.Ѓ. (62) од Битола.  
 

Осомничениот, на 21 феавруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место.

По настанот, јавен обвинител изврши увид и издаде наредби за обдукција на телото на починатиот, за прибирање траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, како и за обезбедување на снимки од видеонадзор на објектот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да влијае врз сведоците.​

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани