АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамки на проектот “Интеграција на зелен транспорт во градовите”, во тек се работни активности за поставување на фотонапонски панели на кровот на Спортската сала „Боро Чурлевски“ и поставување на станица за полнење на електрични возила. Со целосното завршување на проектот, предвидено е да се дизајнира и примени енергетски ефикасен, регионален интелигентен транспортен систем - ИТС кој ќе овозможи и промоцијата на прекуграничната област, развој на туризмот и слично.
Градоначалникот Тони Коњановски, денес изврши увид на динамиката на работа.
Со реализацијата на проектните активности, Општина Битола, набави и две електрични возила: едно комбе со 8+1 седиште и едно возило со 5 седишта како и соодветна комуникациска опрема со адекватен софтвер. Последната фаза од проектот вклучува пилот употреба и ставање во функција на комплетниот систем.
Проектот, кој е аплициран во 2016 година, се имплементира во рамките на првиот повик од ИПА Прекуграничната програма за соработка со Република Грција 2014 - 2020 со вкупен буџет за Општина Битола од 196.330,00 евра.