2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ако не го убиеше татко ми, ние ќе бевме со гаранција мртви- сведоштво на синот на протестот за слобода на Фердо

Февруари 23, 2022

„Ако татко ми не пукаше ќе настрадаше дел од семејството со гаранција. Денес ние ќе бевме мртви. Дојде со намера да не̍ отепа. Кога ја скриши вратата видов зомби. Не беше човек, туку зомби. Беше подготвен и сопствените деца да ги убие“, потресно сведочеше Јове Ѓоргиевски, син на осомничениот битолчанец Тони Ѓоргиевски –Фердо на денешниот мирен протест пред Основниот суд во Битола на кој битолчани побараа слобода за него со образложение дека си го заштитил семејството. Тој пред пред два дена со пиштол го уби невенчаниот зет за ќерка откако му упадна насила во куќата со мачета во рацете и им се закануваше.

Синот Јове рече дека починатиот Стојанче Соколов (44), кој добро ѝ е познат на полицијата како прекршител на закони, 20 години ги малтретирал неговото семејство. Пред да се случи убиството му се заканувал на неговата сестра и таа заедно со двете деца утрото побегнала кај својот татко.

„Оваа работа се случи во самоодбрана. Дојде со намера да не̍ отепа. Не̍ нападна зомби, не човек. Не̍ нападна со ножот. Татко ми мораше да пука за да не̍ одбрани останатите петмина што бевме дома. Никој не сакаше тој да умри, но немавме друго решение освен да пука“, рече Јове.274610685 3285153865104977 1059863184072692728 n

Тој заедно со битолчаните побараа институциите да му дозволат на татко му да се брани од слобода зашто нема намера да бега. Рече дека доколку сакал да побегне имал време да го стори тоа утрото по убиството. Но, тие веднаш повикале полиција и Брза помош. Кога тие дошле, немале викнато ни адвокат што покажува дека неговиот тетко немал намера да бега. Рече дека тој е чесен човек на кого семејството му е се̍.

Во однос на изјавите од обвинителство дека е осомничен за убиство со умисла синот запраша: „ Да кажат судиите како ќе изреагираат да им влезе некој дома , да оди кон низ со намера да ги отепа и има оружје? Сакам да ми дадат одговор надлежните како ќе постапат тие ако гледаат дека некој им го напаѓа чедото и сака да го отепа?“

„ Овој проблем го имаме повеќе од 20 години. Пријавуван е во полиција, во Центарот за социјални работи. Ќе дојдеше ќе се извинеше, ќе тераше некое време. Ќе се испијанеше, беше и конзуматор на дрога, ќе дојдеше дрогиран, ги малтетираше, тепаше. Имаше закани и кон мене, цело време кон сестра ми и внуците. Не̍ газеше со години , мајка ми и татко ми дома не можеа да преспијат мирно, спиеја со телефонот в раце да не се случи некому нешто“, раскажа синот.СИНОТ Е ТОЈ СО МАСКИРНОТО 2

Инаку нападот и убиството се снимени на камера која била поставена во домот. Почанинатиот, како што рекоа од семејството на протестот, ѝ беше познат на полицијата по направените криминали и насилства, имаше извршено и убиство, а неколку пати беше и во затвор.

На протестот за слобода на дедото беа и двете внучиња, деца на покојниот. Ѓоргиевски беше изненаден од големата поддршка на битолачни на протстот зашто како што рече првите саати по убиството мислел дека ќе го мразат. „Си велев син на убиец,, девојката ќе ме остави. Но, градот, а и пошироко во државата го знаеја починатиот, би рекол да се суди како да не е убиство на човек кога ќе се види што личност беше, а татко ми го знаат сите како чесен , никогаш немал проблем со законот“, рече Јове.274608008 3285154478438249 6510718268661807911 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани