2win800x200

Планинари заглавиле на Пелистер, надлежните велат патот е веќе исчистен

Февруари 27, 2022
Фото Штипска идила Фото Штипска идила

Околу 150 планинари од планинарското друштво „Лисец“ од Штип, придружувани од колеги од Србија и Бугарија, кои учествуваа во традиционалниот Февруарски поход, се пожалија дека со часови останле заглавени на Пелистер. Велат дека не можеле да го напуштат хотелот „Молика“ зашто единствениот асфалтен пат кој води низ Пелистер и од каде требало да заминат, имал наноси од снег и не бил исчистен. Меѓу нив имаше и десетина деца, најмалите на возраст од седум години.

„ Ние сме со лесни возила, а патот не е исчистен, добивме ветување од надлежните на ‘Македонија пат’ дека ќе го исчистат, но тоа се исдолжи три часа. Меѓу нас има и планинари од Србија и Бугарија кои ги чека подолг пат за дома“, изјави Вишна Шурова –Ангелова од планинарското друштрво „Лисец’ .

Директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски изјави дека уште утрово патот бил пробиен, но планинарите одлучиле да останат на ручек во хотелот. Во меѓувреме, вели тој, двата камиона и тракторот отишле да го чистат патот за Ниже Поле, а заврнал и нов снег. Потоа ги исчистиле и сега патот е прооден.

Директорот на хотел „Молика“ Никола Каровски вели дека патот е прооден и гостите го напуштиле хотелот.

„Патот беше чист и во девет часот утрово, но тогаш гостите не го напуштија хотелот мислејќи дека ќе остане во таква состојба. Но, ова е планина, се случија нови врнежи. Неколкумина беа дојдени со возила со летни гуми и не можеа да слезат. Им кажавме дека за час до час и половина ќе биде пак чист патот. Три возила беа на терен и го исчистија. Не е наше како хотел да го чистимe патот, но се грижиме за гостите и уште од вчера ги известиме дека ќе има нови врнежи“, рече Каровски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани