АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се додека во светот има луѓе што умираат, се водат војни и има театри што замираат, ние сме должни како колеги да ги раскажуваме нашите приказни колку што можеме погласно во чест и поткрепа на луѓето кои во овој момент не можат да ја практикуваат својата професија поради војна“, рече режисерката Софија Ристевска на денешната прес конференција по повод новата премиера на Народниот тетатар од Битола- „Малиџано“.
Премиерата е закажана за в понеделник, на 21 март, со почеток во 20 часот во Народен Татар- Битола, а е работена по текст на Билјана Крајчевска и документарни материјали на актерите.
„Во оваа епоха на тотална дехуманизација на личноста, кога капиталот е пред се̍, дури и оваа ненормална војна се води поради капитал и кој повеќе ќе владее со основните ресурси за живот, човекот е тотално дехуманизиран, личноста ја нема, не постои затоа во моите претстави човекот е пред се̍. Хуманиот белег во ова лудо живеење да остане колку што може посилен. Човекот е важен“, рече Ристевска.
Ова е претстава со силен став во која актерите преку личните приказни зборуваат за човечките права, за жената како општествена фигура, биолошко суштество, за мајчинството, абортусот...
Режија: Софија Ристевска