АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Водостопанската согласност за проектната документација за реконструкција на мостот кај Безистенот во Битола е изработена од надлежното министерството и денес е пратена по пошта за Општина Битола, одговорија од Министерството за животна средина за Апла.мк
На последната седница на Совет во Битола, советниците од локалното мнозинство обвинија дека документацијата е испратена пред еден месец до министерството, а уште немаат добиено одговор, сомневајќи се дека државните институции намерно ја кочат постапката. Од опоцизијата пак, стапија во контакт со наделжното министерство и беше кажано дека доставената документација била нецолосна.
Оваа согласност е неопходна за да се побара потребната документација за одобрување на реконструкцијата на мостот од Министерството за транспорт и врски. Мостот не е во функција четири месеци поради сериозно оштетување на носачите. Тој е една од најважните точки на сообраќајниот крвоток низ Битола, па откако не се користи, се создаваа метеж во центарот на градот.