Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, потпиша два договори со кои Општина Битола и Битолскиот музеј ќе искористат приближно 1.000.000 евра, за развој на туристичкиот и културниот потенцијал на Битола.
- Проектите се аплицирани од претходната локална власт во рамките на ИПА проектите финансирани од ЕУ. Поддршката на Битола, од страна на министерството е постојана и континуирана, вели министерот Милевски.