АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
МТСП целосно и докрај го спроведува Законот за заштита на децата, со цел детските градинки да ја извршуваат својата основна функција, згрижување на децата од предучилишна возраст, пишува во соопштението на Министерството за труд и социјална политика во врска со случајот одземени ингеренции на Општина Битола врз градинаката „Естреја Оавдија Мара“. .
Од Министерството посочуваат дека во согласност со извршениот редовен инспекциски надзор, во ноември 2021 година, инспекциската служба утврди дека иако има законска обврска, Советот на Општината ги нема донесено Годишната програма на општината за 2022/2023 г. и Годишниот извештај за работа на предучилишната установа за 2021 г. за ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, со што го попречил згрижувачко-воспитниот процес на околу 700 деца во девет објекти.
„Поради повреда на одредбите од Законот за заштита на децата, МТСП до градоначалникот Тони Коњановски и Советот на Општина Битола достави укажување за постапување за избор на член на Управен одбор од редот на вработените во установата. Поради непостапување во даден рок, МТСП донесе Решение за одземање на надлежноста на градоначалникот и на Советот Општина Битола, во делот на избор и разрешување на член на Управен одбор во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, стои во соопштението.
Според МТСП, речиси идентична состојба има и во ЈОУДГ „Мајски Цвет“- Битола, нема донесено Годишна програма, Извештај за работа во предучилишна установа, ниту е именуван член на УО од редот на вработените.
Од МТСП велат дека ќе продолжат да се грижат за сите деца згрижени во предучилишните установи и ќе ги спроведуваат одредбите од Законот за детска заштита, при што секогаш ќе се спротивстават на обидите за политизација на законското работење на институцијата.