2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Малиот битолски Монмартр“свечено отворен со огномет, Гран при за младите творци од Плзен, Чешка

Мај 24, 2018

Младите ликовни творци од основното уметничко училиште Плзен од истоимениот град во Чешка, годинава се добитници  на Гран при наградата на 37. издание на меѓународната ликовна манифестација „Мал битолски Монмартр“.

Со добредојде од творецот на „Монмартр“,  Коста Хаџиантоновски и градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, синоќа почна најновото издание на оваа светска ликовна манифестација

на која беше отворена 36 Светска изложба и беа доделени диполоми на младите ликовни твореци од сите страни на светот  Пред платото на „Малиот Монмартр“ во Старата битолска чаршија синоќа имаше свечена атмосфера со многу гости кои уживаа во забавата и традиционалниот огномет.

Годинава на ликовниот фестивал во Битола учествуваат преку сто и десет гости од 16 земји во  светот,  ученици и ликовни педагози од Русија, Тајланд, Романија, Кина, Турција, Србија и од Украина кои од денес до 30. мај со боица и четка во раката ќе сликаат во Битола и Охрид.

-Првиот работен ден на учесниците на ликовната колонија ќе се реализира на Широк Сокак, во Старата битолска чаршија, како и низ битолските маала каде традиционално младите ликовни творци се инспирираат и ја сликаат староградската архитектура. Но, денес, учесниците на фестивалот го одбележуваат и патрониот празник на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, истакна Коста Хаџиантоновски, раководител на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола .

Тој додаде дека во Битола ќе се слика и во наредните два дена, а во недела ликовниот караван ќе престојува во Охрид каде младите учесници ќе сликааат мотиви од старата охридска архитектура,

Меѓународната ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“ завршува на 30. мај со прогласување на најдобрите учесници на ликовниот фестивал.received 244538752950045

Хаџиантоновски, кажа дека годинава е задоволен од добиените финансии од Министерството за култура и од помошта од општина Битола. Станува збор за околу 700 000 денари од Министерството за култура за неколку проекти.received 244538742950046

-Јас сум задоволен за финансиската конструкција, четири проекти влегоа во програма на Министерството за кулура, и поради тоа сум навистина радосен. Исто така и градот ни помага и ќе ни помогне доколку имаме проблеми со финансирањето, зошто досега 11 години ја немавме поддршката од Општината, рече Хаџиантоновски.received 244538832950037

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани