2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Графити со навредлива содржина испишани во Нова Битола по синоќешниот ТВ дуел

Мај 24, 2018

Графити со навредлива содржина и говор на омраза упатена кон двајцата пратеници од власта Горан Милевски од ЛДП и Александар Кирацовски од СДСМ, како и кон генералниот директор на РЕК, Васко Ковачевски, осамнаа синоќа во Нова Битола.

 

Битолачани кои живеат во близина на исчкртаниот ѕид се обратија до редакцијата на Апла.мк и велат дека графитите биле испишани по синоќешниот тричасовен ТВ дуел меѓу лидерот на СДСМ, премиерот Зоран Заев и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на МТВ. Граѓаните коментираат дека веројатно по соочувањето на двајцата лидери пред јавноста, во еден од таборите се појавила нервоза и го исшарале ѕидот со навредливи пораки.33383187 389374498212589 2189026551666835456 n

Покрај навредливите зборови за тројцата политичари од Битола, графитите содржат и заканувачка порака: „Политичар(к)и нема мирно да спиете“. Освен исцртаното 16 крако сонце, запишано е и „Македонија ерга омнес и ВМРО од прадедо до денес“.

Пароли со содржина „ВМРО до гроб“ беа испишани вчера на други места низ Битола, по изрекувањето на двегодишната казна затвор на екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за случајот „Тенк“.

Графити со говор на омраза често се испишуваат и на зградите спорти Офицерскиот дом во Битола. За дел од испишаните графити со говор на омраза прад неколку месеци полицијата поднесе и кривични пријави за двајца од чкртачите за сторено кривично дело расна и друга дискриминација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани