2win800x200

Верници го молат Свети Наум да прави чуда и за политичарите

Мај 24, 2018

Во книгата Чудата на Свети Наум од Стојан Ристески, објавени се дел од молитвите што како писмени обраќања верниците ги упатиле до светецот во храмот во Битола посветен на него.

Па така некои го молат Свети Наум за здравје, за среќа во љубовта, па светецот да им даде работа.
FB IMG 1527184801194
Други во молитвите бараат нивни близок да се оттргне од лошите пороци, да му тргне работата и да си ги врати долговите, па молитвата продолжува "ќерката да си најде момче што ќе ја сака и со кого ќе има добар живот".
 
Но има и верници кои што се молат  за политичките партии, па некој приврзаник на ВМРО ДПМНЕ напишал:
 
 
"Господе златен, златен Свети Наум, те молам ВМРО ДПМНЕ да се консолидира внатрепартиски, да остане Никола Груевски претседател и на претстојните локални избори да победиме во Битола и во други поголеми места, за да ја нема цела власт СДСМ"
FB IMG 1527184782788
Ваквите молитви на битолчани се пренесени во второто издание на книгата Чудата на Свети Наум, објавена на 294 страници
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани