2win800x200

Пејачот Ламбе Алабаковски ја потпалил вратата од клубот на Бугарите, дознава Апла

Јуни 07, 2022

Апла.мк дознава дека уапсениот е популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски за потпалување на бугарскиот клуб во Битола.  Алабаковски  неодамна се врати со семејството од САД во родниот крај и изјави дека повеќе сака да живее во Македонија. 

Описот на потпалувачот од Битола, го даде бугарската министерка Теодора Генчовска во саботата. 

– На снимките на една од камерите можев да видам човек кој мирно пристигнува со велосипед, вади цевка со запалива течност и мирно ја истура течноста пред вратата од куќата. Оваа смиреност беше малку нарушена, бидејќи пожарот што избувна беше огромен, се исплаши, се сомневам дека лицето има некои повреди од овој пожар, можеби ќе побара лекарска помош. Човекот носи маска, рече Генчовска додавајќи дека лично смета дека ова „дело е направено ладнокрвно, смислено и намерно“, рече Генчовска и додаде дека овој настан нема да влијае на односите меѓу РСМ и Бугарија.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани