АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По четири месечна пауза денес имаше работници на мостот кај Безистенот. Општината вчера најави дека од денес започнува реконструкцијата на мостот над реката Драгор, кој е еден од најфреквентните, а не е во функција од ноември минатата година поради сериозно оштетување на носачите.
Од Општина Битола соопштија дека после четири месеци од почетокот на долгите административни процедури поминати низ државните институции, ја обезбедиле потребната документација за реконструкција на мостот.Од министерствата пак, во изминатиот период велеа дека општинската документација не е целосна.
Од Општината предвидуваат дека во 20 работни дена ќе завршат сите градежни активности, по што ќе следува период за постигнување на потребната цврстина на бетонот од 28 дена, пробно товарење на мостот и пуштање во употреба. Со ваквата динамика, Општината планира да ги заврши сите активности до крајот на мај.