Веднаш над познатато Тумбе Кафе, во најзелениот дел од Битола се појави дива депонија со отпадни гуми. Депонијата е сместена во долот меѓу местото викано Радарот и Сива Вода, кај старите лозја. Исфрлени се десетици стари гуми од возила, а постепено депонијата се проширува нагрдувајќи го овој дел од градот кој многу битолчани го користат за рекреација.











