АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На Светскиот ден на физичката активност градоначалничката, Наташа Петровска, најави реконструкција на петеката на Тумбе Кафе до Зоолошката градина, за што проектот е веќе изготвен. Во овој дел на градот има многу граѓани рекреативци, посебно во овие услови на пандемија, кога се затворени фитнес центрите и другите објекти за физичка активност.
-Ме радува што постојано имаме присуство на граѓани во овој дел од градот. Сакам промотивно да најавам дека во оваа градежна сезона сме подготвени за целосна реконструкција на патеката на Тумбе Кафе до Зоолошката градина, која битолчани редовно ја користат и која ќе добие убав изглед со што ќе е шанса повеќе за рекретивни активности. Проектот е завршен, средствата се обебзедени за реалзиација на оваа реконструкција, рече Петровска
Општина Битола, во партнерство со локалните спортски клубови и здруженија, организираа спортско- рекреативни активности со цел подигнување на свеста за значајноста од физичката активност, во согласност со препораките за превенција и заштита од Ковид-19. Членовите на веосипедскиот клуб „Пелистер 15 мај“ возеа до Бистрица, а останатите учесници рекреативно пешачеа низ Градскиот парк и по патеките на Тумбе Кафе.
„На Светскиот ден на физичка активност, сакаме да покажеме дека особено во овие услови на пандемија кога имаме низа рестриктивни мерки, кои го опфаќаат и спортот како област, дефинитивно рекреативните активности кои можеме да ги реализирираме благодарение на нашето опкружување, се исклучително значајни. Јакнењето на култура и дух за секојдневна активност, влијае врз здравјето на сите нас и нè прави подготвени за да можеме да се справиме со било кој здравствен предизвик. Ме радува што денес имаме присуство на лица од различни возрасти, што покажува дека културата во градот за тоа ја имаме, особено што умееме да ја примениме во услови на пандемија, рече градоначалничката Петровска
Настанот се одржа во координација со Владата, Институтот за јавно здравје и Агенцијата за млади и спорт.