АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Проектот за изградба на експресен пат Битола-Меџитлија, односно грчка граница, е во финална фаза. Но, до овој момент не е најден финансиер за градбата на патот. Сепак, тој е влезен во приоритетната листа на проекти во Секторот транспорт, рече Јоже Јовановски од ЈП за државни патишта на јавната расправа во Битола за влијанието на изградбата на патот врз животната средина.
„ Сега се наоѓаме во фаза на проектирање, проектот очекуваме да биде завршен до средината на годинава, по што ќе поднесеме барање за добивање одобрение за градење. Го дизајнираме проектот да биде подобен и за финансирање од меѓународни институции. Во овој момент немаме прецизна вредност на проектот, но тоа е голема инвестиција околу 70 милиони евра и тоа со зголемувањето на цените во последната година, неблагодарно е да се даваат такви проекции, но се движи во таков ранг“, рече Јовановски.
Во овој момент во тек се преговори со Европската комисија за ИПАРД 3 рамката, па надлежните се надеваат дека веројатно ЕК ќе дозволи средства за кофинансирање со оглед на тоа што патот се наоѓа на европскиот коридор 10 Д.
Доколку се обезбедат средства изградбата би траела три до четири години. Од трите варијатни избрана е источната во должина од 22,15 километри, траса на која нема објекти за рушење, туку ќе има земјоделски земјишта за експропријација.
„Ако не се реализира овој инвестициски зафат ќе имаме неразвиена патна инфратруктурна мрежа, севкупниот развој на регионот и искористувањето на потенцијалните можности ќе биде доведено во прашање и нема да се создаде поволен економки амбиент. Сегашната инфрастуктрна мрежа не е во функција за потребите на равзој на регионот . Ако патот не се изгради повторно ќе остане оптоварувањето на градот Битола бидејќи сега сите транзитни возила, тешки што превезуваат стоки, минуваат низ центарот на градот“, рече експертот Љупчо Аврамовски.
Постоечкиот пат кој Битола ја поврзува со граничниот премин Меџитлија, единствената сообраќајна врска на Југозападниот Регион во земјава со Грција е тесен, стар и пол со дупки како кратери. Не е реновиран со години, а не проработи ни желензичката пруга која се реновира пред три години.