2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Зелено автобуско стојалиште кое само произведува струја- проект со кој студенти од Технички факултет учествуваат на меѓународен натпревар во Турција

Мај 13, 2022

Зелено автобуско стојалиште кое самостојно ќе произведува струја е оригиналниот и креативен проект со кој студенти од Техничкиот факултет во Битола, предводени од професорката Јасмина Буневска –Таневска, учествуваат на Меѓународниот натпревар ICAMES НА Универзитетот Богазичи во Истанбул, Турција.

Овој натпревар претставува и меѓународен културен и академски собир на студенти по инженерство. Мешовитиот тим студенти од електротехничкиот и отсекот за сообраќај и транспорт од Техничкиот факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола во Турција престојуваат од од 10 до 16 мај, при тоа со свите активности ги претставуваат и факултетот, и уверзитетот и државата.

„Зелено автобуско стојалиште значи заначи дека е соларно. Самостојно ќе произведува енергија за инфо табла, возен ред, полначи за велосипеди, за затоплување на клупите за седење и зима, осветлување и.т.н... На проектот работевме две години. Тој ни беше одобрен во процесот на евалуација на академскиот одбор на 26-то издание на натпреварот, после што добивме и официјална покана да престојуваме на овој прворангиран универзитет во Турција и да го презентираме концептот, моделот и одржливоста на проектот. Покрај академски, престојот има и културен и социјален карактер и е одлична можност за размена на студентите и академскиот кадар“, изјави за Апла.мк професорката Јамина Буневска-Талевска.

Со проектот Техничкиот факултет уште еднаш ја потврди својата клучна улога што ја има во денешницата како високо-образована институција да создава проекти кои ќе делуваат еколошки врз животната средина, а ќе бидат и практични и иновативни во примената.    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани