2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Советничката Буневска поднесе претставка до Општина Битола за лошата сигнализација на улиците и загрозеноста на пешаците

Август 15, 2022

Претставка до Општина Битола, со која предупредува на небезбедност и ограничност на движењето на пешаците, испрати денеска советничката Јасмина Буневска Талевска, универзитетски професор и експерт за сообраќај. Таа во претставката ааведува дека во повеќе наврати жителите на Битола укажуваат на лошата сосотјба на   троторарите, нивна узурпација со возила, па  деца и жени со бебиња во количка се движат по улиците. Таа укажува и на лошата хоризонтална и вертикална сообраќајна  сигналзиација, што дополнително ја влошува безбедноста   во сообраќајот. Советничката Буневска бара од Општината да преземе конкретни мерки и да добие одгвор за тие мерки и роковите во кои се спроведени

„Никогаш нема да се откажам од борбата за безбеден град, безбеден сообраќај, безбедно движење на пешаците, урбана мобилност и почитување на јавниот простор во Битола. Сметам дека треба да се преземат итни мерки за подобрување на безбедноста на пешаците. Затоа, денес поднесов Претставка во која барам Општина Битола да си ги спрегне своите сектори, раководителите, вработените и инспекторатот да започнат со мерки со кои ќе го заштитат достоинството на граѓаните, на буџетот, човековите права за слободно движење, сообраќајните правила, конечно, безбедноста на најранливите - децата и пешаците! Важно е, заедно да го следиме текот на спроведувањето на оваа претставка и дали и кога ќе биде вистински реализирана“, вели советничката Јасмина Буневска Талевска

 

299801199 1268118560659400 4045493096482005345 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани