2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Болницата ги тужи Градски паркинзи, со помош на Општината ќе го преасфалтира дворот

Јуни 01, 2018

Клиничката болница од Битола ја тужи фирмата „Градски паркинзи“ поради неисполнување на обврските по договорот за одржување на пристапните патеки до паркинг местата во кругот на болницата. Во меѓувреме додека не заврши судскиот спор, со помош на Општина Битола, а во интерес на пацинетите и другите грашани, ќе се преасфалтира целиот двор пред оваа медицинска установа, соопшти за Апла.мк портпаролката на болницата, Сузана Конеска.

 

„Во името на менаџерскиот тим на Клиничката болница раководен од директорот Зоран Лазаров сакам да ја информирам јавноста, а пред сѐ нашите пацинети околу состојбата со паркинзите и наплатата. Имено на 01.01.2015 година склучен бил договор помеѓу Клиничка болница, застапувана од тогашниот директор Василе Најдовски и 'Градски паркинзи', застапувани од управителот  Благој Крстевски. Во 2017 година договорот е обновен до 31.12.2019 година. Тука сме немоќни за негово раскинување.  Но, поради неисполнување на одредбите од догoворотт, како на пример,  'Градски паркинзи' се должни да се грижат за одржување на пристапните патеки до паркинг местата, а во интерес на пациентите Клиничката болница  поведе судски спор “, вели Конеска.

Таа додава дека во исчекување на одлуките од спорот, разговарано е со Општина Битола, а градоначалничката Наташа Петровска  вети дека ќе помогне да се санира целиот двор веднаш штом „Македонија пат“ отпочне со сезоната на асфалтирање. Според планот,  тоа ќе биде во летниот период. Со тоа дворот на болницата ќе се ослободи од досегашните дупки и крпеници, а ќе се олесни и движењето на пацинетите низ него.  

„Се надевеме дека со заедничката акција на болницата и Општината, а се во интерес на граѓаните и пацинетите, за многу брзо време  битолчани ќе го видат новиот сјај на дворот на Клиничка болница, а исто така и судскиот спор ќе се реши во интерес на доброто на граѓаните “, вели Конеска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани