2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

34 нови вработувања во Битолската болница, институцијата кадровски се засилува, рече Меџити

Декември 27, 2023

Клиничката болница во Битола кадровски се зајакнува со 34 нови трајни вработувања кои ќе бидат реализирани до крајот на оваа година.

„Меѓу овие 34 нови вработувања се здравствени работници, администрација и помошно- технички персонал. Со тоа се зајакнува кадарот во Болницата кој се состои од 750 вработени на неопределено време“, рече министерот за здравство Фатмир Меџити кој денес присуствуваше на предавањето на донацијата вредна скоро половина милион долари во медицинска и немедицинска опрема на Болницата од страна на невладината организација World Medical Relief, како и Обединета македонска дојаспора

Меџити најави дека до петок ќе се знае и колку од лицата што се со години на договор на дело во македонското здравство ќе бидат вработени.

„Секој вторник војуваме во Влада за да издвоиме вработувања зашто здравството и пациентите се пред сѐ. Изминатите две недели имавме жолчна расправа во Влада успеавме да ги убедиме сите. Утре имаме онлајн седница и тие договорни на дело што се по 4 до 10 години ќе се вработат трајно. Ќе одлучиме утре, ги усогласување бројките со министерство за финансии и Фондот за здравство осигурување и до петок ќе имаме конкретно решение“, рече Меџити.

Во текот на изминатата година Болницата имаше два трагични случаи со смртта на петгодишната Јана и мртвороденото бебе, но министерот најави дека даваат сѐ од себе за да ја вратат довербата кај пациентите.

„Се стремиме тоа што зависи од нас колку што е можно да не се случуваат вакви случаи. Не само натписот Клиничка болница Битола, туку натаму со директорката и здравствените работни и ќе се стремиме и кадровски и професионално да го заслужи тој натпис. Заедно ќе работиме напорно и макотрпно“, рече министерот.

Директорката Елизабета Ивановска изјави дека имаат набавено и нова опрема плазма стерилизатор, нов апарат за анестезија, за неинвазивна респираторна поддршка , донација уретрореноскоп и друго.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани