АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Затворска казна од 18 месеци за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот му изрече Основниот суд од Битола за 23-годишниот битолчанец кој возејќи моторно возило пред две години на улицата „8 септември“ удрил во електричен тротинет при што починал 25 годишниот битолчанец Филип Петровски.
Според пресудата, до сообраќајката дошло кога возачот на автомобилот „фолксваген туран“ возел со поголема брзина од дозволената, па по претекнување на творано возило удрил со левата страна во тротинетот, чиј возач претходно имал свртено лево и бил на половина од коловозната лента сакајќи да премине од другата страна на улицата.
Семејството на починатиот битолчанец реагира дека висината на казната од 18 месеци за загубен млад живот е срамна и за сабота најавија протести во Битола.
„Обвинетиот е осуден како делото да го направил од небреженсот. Иако според доказите брат ми нема вина, судијката одлучила половина од вината да ја префрли кај покојниот и да го осуди убиецот на мојот брат со страмна казна од 18 месеци зтавор. Се работи за 25 годишно момче , сосема невино, кое одеше на работа, а поради тоа што некој возел бесно тој прерано го заврши животот. Најпрво сторителот призна дека возел од левата страна , колата му е оштетена од левата страна, а во пресудата се тврди дека во моментот на несреќата брат ми се движел, што нема никаква логика. Дел од вината се става врз брат ми зашто не поминал под знакот за пешачки премин. Ако поминеше кај знакот ќе налеташе на другата улица од Т -крстосницата и ќе се доведеше во уште поопасна ситуација “, реагира Бојан Петровски, брат на починатиот.
Семејството на починатиот нема право на жалба на пресудата, но ќе поднесат преставки до сите надлежни интитуции.
Во пресудата стои дека судот проценил оти обинетиот кривичното дело го сторил од небрежност. Бил свесен дека може да го загрози сообраќајот управувајќи со брзина поголема од дозволеното, но сметал дека нема да дојде до тоа. Доколку возел според пропишаната брзина немало да дојде до несреќа. За ова дело законодавецот предвидел казна од една до 5 години затвор, а него му се изрекуваат 18 месеци, зашто се ценеле и олеснителните околности дека е млад и нема сторено други кривични дела.
Судот смета дека оваа казна е адекавтана на степенот на кривична одговорност на обвинетиот и дека ќе влијае да не го повторува делото.
Од Основниот суд на новинарските прашања во врска со реакциите на семејството соопштија дека пресудата содржи правна поука и правото на жалба и секоја од странките може да го користи доколку е незадоволна од истата или од целокупното водење на постапката.
По однос на обвинувањата за недостелдности во постапката од судот одговорија дека нема можност да се впуштаат во толкување на истите. „По тоа прашање ќе одлучува повисокиот суд во постапка по жалба, доколку биде изјавена од страна на странките во постапката“, пишува во соопштението
На улицата „8 септември“ на излезот од Битола каде се случи сообраќајката не се поставени кружни текови туку левиот и десниот коловоз се одделени со своевидни банкини, на одредени места прекинати, каде возачите свртуваат налево, надесно или полукружно. Нa местото каде беше несреќата нема ни исцртан пешачки премин туку само сообраќаен знак.