2win800x200

(Видео) Битолчанката Ирена Ангеловска, докторант на Универзитет во Нов Зеланд, поттикна музичари од цел свет да пеат „Битола мој роден крај“

Мај 18, 2022

Прекрасно звучеше изведбата на познатата песна „Битола мој роденкрај“ од Ајри Демировски додека ја пееја музички уметници од целиот свет, учесници во проектот “Transglobal Weekend of Music” што од 13 до 15 мај се одржа во Нов Зеланд. Музичарите за да ја испеат оваа песна беа поттикнати од битолчанката Ирена Ангеловска, докторант на универзитетот Окленд во Нов Зеланд.

ирена

„ Ја изведов песната „Битола, мој роден крај“поради тоа што ми е особено драга и има значајно место во мојата душа, но и поради тоа што е напишана во ритамот 7/8, којшто е верував дека ќе е предизвик за учесниците поради својата карактеристична структура, односно појавувањето на ритмичкиот елемент хемиола. Дополнителен предизвик беше изговорот на некои букви од македонската азбука коишто или не се употребуваат, или се изговараат на поинаков начин во англискиот јазик. Ја споделив приказната на „Битола, мој роден крај“ и беше очигледно дека учесниците се поврзаа со неа“, вели Ирена за Апла.мк .

Таа додава дека е далеку од одма и песната за момент ја врати во нашите краишта..

-Токму тоа е дел од улогата на музиката. Имаше прекрасна енергија во текот на учењето на текстот, мелодијата и ритамот. Се чувствуваше игривоста на ритамот, пропратена со совршениот изговор од страна на учесниците којшто може да се слушни на видеото. Големината и убавината на целата изведба е и тоа што некои учесници пееа и свиреа хармонски гласови освен главната мелодија, а тоа покажува дека тие добро да ја совладаа мелодијата и се почувствуваа слободни да го збогатат звукот на истата. Верувам дека на многу Македонци ќе им биде драго да слушнат како луѓе од други култури ја пеат толку добро македонската „Битола, мој роден крај“-, додава Ирена.

Целта на проектот беше поврзување на музичари од различни култури преку презентирање музика и учество во музички работилници водени од истакнати и познати музичари. Тоа што го направи овој настан значаен е што отвори простор да се сподел приказната на македонската култура.

Ангеловска моментално е докторант на University of Auckland во Нов Зеланд и спроведува истражување од областа на музичкото образование и културната разновидност.

„Овој настан беше можност практично да се вклучам во учење на музика од Соломонските острови, Иран, Велс, Гана, Ирска, Шкотска, Шведска, пацифичкиот остров Ротума, Монголија, Нов Зеланд, којашто понатаму ќе можам да ја употребувам во мојата работа, но и можност да ја презентирам и македонската музика рамо-до рамо со нив.
Слушнавме и имавме можност да свириме на уникатни музички инструменти кои верувам дека ја збогатија нашата звучна палета, но и извонредна можност да музицираме и пееме на јазици чиј изговор нé натера да излеземе од нашата комфорна зона. Целиот настан беше збогатен со вкусна храна од Судан, Малезија и Авганистан приготвена од жени кои дошле во Нов Зеланд под статусот бегалци, рече Ирена.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани