2win800x200

Компанијата БВ Инженеринг прослави 20 години успешно постоење

Јуни 04, 2022

„Заедно ја градиме Вашата визија„ - слоган кој стана синоним на една компанија, која и тогаш кога започнуваше пред точно 20 години веруваше во иднината, а и денес кога прослави две децении постоење, што е само потврда дека вистински ја граделе визијата на бројни личности, семејства и комапнии. Позади нив се капитални објекти и инвестиции кои се симбол на едно време.

Вчера со голема прослава, БВ инженеринг за своите вработени, деловни партнери, пред семејствата и пријателите го одбележаа својот 20 годишен јубилеј.

Сѐ започна во сега далечната 2002 година, на тој 1 Јуни, кога Борче Неделковски, основач на БВ инженеринг, реши да се впушти во водите на приватниот бизнис, напуштајќи ја сигурната позиција како градежен инженер во една позната градежна компанија, гигантот ГП Пелистер. Ова е уште еден светол пример, како излегување од зона на комфор, кај храбрите луѓе резултира со искачување неколку скалила повисоко во животот. 1 Јуни за оваа компанија е важна дата, дата кога е формирана првата од редица компании кои потоа следуваа, под капата на БВ инженеринг, а која во континуитет 20 години бележи раст и успеси.

„БВ Инженеринг е лидер компанија во секторот на градежништвото. Континуираниот раст и развој на компанијата се должи на професионалниот пристап и посветеност на задачите на целиот тим на компанијата. Меѓутоа на тој старт, пред точно 20 години, никој не можеше да предвиди дека БВ инженеринг ќе биде само една од редицата комапнии, под капата на БВ, попрецизно 13 компании кои го сочинуваат БВ Бизнис груп денес. И јас сум благодарен на мојот син, кој мојата визија не само што ја продолжи и потврди, туку ми покажа дека може и повеќе од тој мој првичен сон„/истакна Борче Неделковски пред присутните гости при примањето на плакетата од неговиот син во име на комапнијата.

Денес БВ е бизнис групација, која е инвестициски фонд за 13 компании меѓу кои е и првата компанија БВ инженеринг од која започна се. Тие се една од најкрупните бизнис групации во овој дел на Македонија која делува во повеќе индустрии: градежништво, енергетика, нови технологии, едукација и угостителство.

Иницијалите остануваат, а збирот се множи со бројни успешни бизнис приказни „Она што БВ го поседува како концепт за бизнис е само дел од приказната. Затоа на прашањето “Што правиме?” ние сакаме да објасниме “Како тоа го правиме!” Посветени сме на највисоки стандарди на квалитет во секој проект на кој работиме и во секоја од дејностите кои ги сервисираме. Секоја наша активност и одлука, секоја наша стручност и посветеност кон врвен резултат во секој сегмент од сите наши тимови, искуството и резултатот кој го испорачуваме кон нашите клиенти, не одликува со она што сме денес. БВ и денес создава историја, влегува во изградба на станбени единици кои го носат ветерот на новото време. Тие ги создаваат првите паметни згради во регионот.

Визија и иднина и посветеност на создавање на трајни вредности„ - истакна во своето обраќање Крсте Неделковски кој сега ја предводи и компанијата и групацијата. БВ БИЗНИС ГРУП има важна улога во социо-економскиот развој на државата бидејќи придонесува во облата на градежништвото, инвестициите, производството и трговијата. За нив најважни се есенцијалните принципи на меѓусебно почитување и доверба меѓу сите учесници во бизнис процесот , а тоа се клиентите, партнерите, финансиските институции, а најважни се вработените во цел тој микс. Веруваат дека до успехот се стигнува само преку соработка која се базира на меѓусебно разбирање. На прославата беа доделени и посебни признанија на личности кои пред точно 20 години беа во првиот тим на комапнијата. Настанот траеше повеќе часови, со осмислена музичка програма, видео проекции и многу изнесувања за гостите. Честита прва 20-ка за компанијата БВ инженеринг, како дел од БВ бизнис груп, групација со визија за новото време.

 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани