2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ВО ГРАДОТ НА СТИВ НАУМОВ НЕМА МЕСТО ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ - ПОРАКА ОД ПРОТЕСТОТ ВО БИТОЛА

Јуни 08, 2022

Во градот на народните херои Стив Наумов, Тодор Ангелевски, Елпида Караманди нема место за еден Ванчо Михајлов, порачаа од Левица на протестот за слобода на Ламбе Алабаковски што денес се одржа во Битола.

„ Бараме отфрлање на кривичната пријава поднесена против Ламбе Алабаковски. Бараме итно процесуирање на кривичната пријава на Левица против претседателот на клубот „Ванчо Михајлов”, поради излагање на подбив на македонскиот народ и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа. Се ова е провокација за битолчани. Испраќаме апел да се борат против  новиот фашизам“ , рече Горан Велевски од Левица- Битола.

На протестот присуствуваа стотици битолчани кои вееја претежно знамиња со сонцето од Виргина, а имаше и по некое со црвената петокрака. Беа истакнати транспаренти кои го величеа делото на народните херои од Битола, како и транспаренти со кои се бараат права за македонското малцинство во Бугарија. Некои носеа и маици со натписи „Ќосето“. Присутните скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“, „Уа, предавници“, а некои ги искинаа сликите на премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски и поранешниот бугарски премиер Ѓорги Димитров кој на времето го одобри пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Македонија.

Говорниците на протестот обвинија дека денес бугарската влада дава пари и купува ветер зашто народот со пари не се купува и дека успеаја да купат само пет- шест колаборационисти.

„Во градот на Стив Наумов, Ѓорги Наумов, на Таки Даскало, Елпида Караманди, Тодор Ангелевски, народни херои кои ги положиле животите во борбата со фашистичкиот бугарски окупатор, денес гледаме како актуелната власт дозволува да биде отворен клуб кој носи име на прокламиран фашист. Не убевдуваат дека треба да молчиме , да не паѓаме на провокации. Молчевме кога ни го менуваа името , кога се релативизираа АСНОМ и НОБ, да молчиме кога ги распродаваат националните интереси и денес да молчиме, до кога ќе молчиме?“, рекоа од Левица на протестот.

Ламбе Алабаковски, кој пред неколку месеци се врати од Австралија во Македонија е осомничен дека го потпали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, поради што е притворен, а и сам го признал делото. На протестот се побара слобода за него зашто според присутните, делото го направил од патриотизам. 

286026866 872498210373426 1516808679574898961 n

285842071 584565489758493 6164501954208889781 n

285884776 418909143442890 2742829900051525971 n

286052633 2590010901132117 5513136431720292073 n

285968335 1446998379092086 5726932560083541885 n

286307144 1164655177418955 6582085596272166183 n

285945791 364484902442000 8597065046684984858 n

286130855 389516049794548 8366724066608411869 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани