АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 14.06.2022 во 21.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ружа Делчева“ во Битола, мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во пешакот Б.В.(70) од Битола и во паркирано возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетна сопатничка на мопедот, додека пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.