2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Пари за обнова на Копанки- „Топки летаа“ од советничката говорница

Јуни 22, 2022

Советот на Општина Битола изгласа да се доделат 3,8 милиони денари (62 000 евра) на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ за обнова на изгорениот планинарски дом „Копанки“ кој е во нивна сопственост. Парите се дадени како финансиска поддршка на клубот за програмски активности и создавање услови за планинарски и спортски активности. ПСК „Пелистер“ изврши измена во стаутот дека во случај да престане да функционира, имотот ќе припадне на Општината.

За „Копнаки“ кој изгоре пред девет години и е рак- рана за битолчани, имаше бурна и долга дискусија во вечерните часови на вчерашната седница зашто беше поставен како дополнителна точка дури 44 по ред. Советниците од „Левица“ гласаа против поради нејаснотии во статутот кој дозволува имотот да премине на Општината, но и на друго здружение.

„Според членот 58 став 2, доколку постапката за престанок е иницирана или се должи на акти и дејствија на единицата на локална самоуправа тенденциозно насочени кон престанок на работењето на ПСК, имотот ќе припадне на планинарски клуб во Битола кој ќе го определи собранието на здружението. ние и да му доделиме средства, утре може иницирани од нешто да го затворат и да го доделат на друго здружение“, рече Гаврил Трајковски, советник од Левица.

Советниците од опозицијата СДСМ гласаа воздржано и обвинија дека точката се носи набрзина.

„Точката е многу сензитивна за да биде поставена таинствено и потценувачки Копанки да биде дополнителна точка. Аџеле не е за во 20,30 часот по долги паузи и материјали, да расправаме за Копанкии, за на некој приватник или здружение на граѓани да му дадеме 4 милиони денари. Сите сакаме да се направи, но начинот на кој се форсира цела работа е многу несреиозен. Граделе политички кариери и едни и други, а сега и трети сакаат“, рече Жаклина Наумовска од СДСМ.

На ова возврати Иван Чулакоски од Поинаку, граѓанска иницијатива на која главно изборно ветување му беше обновата на Копнаки. Тој рече: „Десет години на Парламент, министри, пратеници го бараа, те од едните, те од другите. Топки да извините, никој ништо не направи за десет години. Колку една куќа е 60 000 евра. Е ние ќе го изградиме“.

Наумовска му одговори на неумесниот коментар „топки“ од советничката говорница. „Топките гледам само во програмата за спорт, зборам за вистински топки за играње, пуштете ги во училиштата да се обноват спортските реквизити и спортски клубови. Како интелектуалец од оваа говорница за поинаки топки не знам“, рече Наумовска.

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, рече дека во договорот кој ќе го потпише градоначалникот со ПСК „Пелистер“ ќе бидат предвидени посебни услови, а ќе се разгледува и на Совет и биде транспарентен. За доделување на средства ггласаа ВМРО-ДПМНЕ и Поинаку.

ПСК „Пелистер“, чија претседател е Диме Попов, поранешен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, сега направи промена на стаутот во делот за имотот,а во изминатите години додека локалната власт беше под СДСМ, одби да ја предаде сопственоста на домот на Општината образложувајќи дека статутот не дозволува.Општината тогаш бараше да ѝ го отстапи планинарскиот дом „Копанки“, за да може да го реновира зашто немаше законски можност да вложува во приватен имот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани