2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

(Фото) Патот на младоста и по 40 години ги дигна акцијашите на нозе

Јуни 25, 2022

Кире Марков и Игор Јосифовски се педесет години разлика, но ги поврзува љубовта кон акцијаштвото. На одбележувањето на 40 годишнината од сојузната работна акција „Патот на младоста 1982“ што денес се одржа во Битола, двајцата дојдоа наредени со значики од акциите на кои учествувале.

„Носам 24 ударнички значки од работни акции низ цела Југославија и една од интенационална акција во Ташкент. Да бидеш бригадир и ударник беше голема чест за една млада личност. На тие акции младите се калемеа во здрели личности кои ќе се носат со предизвиците на животот. Кога ќе направиш нешто и тоа ќе остане за век по тебе, доказ е дека бесполезно не си го потрошил животот. Сакам и денешните млади да бидат ударници инаку седнати по цел ден со телефоните не е во ред“, рече Марков.

Игор Јосифовски од Охрид има 19 години и тој е дел од подмладокот на некогашните акцијаши.

„Младите не се многу заинтересирани за акцијаштвото , но се надевам со тек на време повеќе и повеќе млади ќе ни се приклучат. Не живеев во бивша Југославија, а се приклучив во акциите преку мојот професор од училиште и откако започнав од 2014 година до денес сум активн учесник. Сум учествувал во повеќе меѓународни и регионални акции“, рече Јосифовски.

Во Битола денес се собраа акцијаши од цела држава да се потсетат како пред четири децении го градеа Патот на младоста Приле-Битола-Ресен, а потоа и хидросистемот „Стрежево“. Изложените фотографии сведочеа за големото другарство, љубови кои се раѓале на акциите, па дури и свадби. Невеста од Вараждин, а зет од Крагуевец се запознале како акцијаши и додека се градел Патот на младоста направиле свадба.

„Три години работевме на патот Прилеп-Битола –Ресен. Секоја година учествуваа по пет до шест бригади, околу 1000 луѓе во една смена. Имаше претставници од сите републики, дружење и едни други вредности за разлика од денес“, рече Мишко Гелевски командант на акцијата.

Настанот го организира Здружението „Волонтери-Пелистер“, а акцијашите го посетија и Ниже Поле каде на времето помагаа во иградба на туристичката населба и ски лифтот.

„Пет години бев командант за траса, браната Стрежево ја имам пешки поминато кога немаше ни вода, ни пат. 34 години акцијаш бев. Штета што денес ова не се случува. Немаше тешко, работеа машините- работеа младите, срамно беше да се каже не можам“, рече Киро Димовски- Французо.

Ѓорги Ѓоргиевски- Або рече дека учествувал во најтешките акции од Београд, Шабац Сараево, Ѓердап, Сутјеска, Јахорина. „Бев на меѓународна акција во Узбекистан, единствен од Битола, 2 месеци и само јас бев награден со ударничка знача од сите присутни“, рече Ѓоргиевски.

Денес најмладиот ученик беше детенце од една година и четири месеци Душан Јанкуловски кој го носи името по неговиот покоен дедо, некогашен акцијаш и еден од иницијаторите на обновување на ваквта традиција во Битола.

Ж.З. 

akcijai 2

akcijai3

 

akcijasi4

akcijasi 5

најмладиот учесник душко јанкуловски

Кире МАркопв и Игор Јосифовски

287948348 552938116496999 1442431775597654937 n

РЕТРО 

од акцијата

од акцијата 2

сваДБАТА 2

289813326 858001428515299 3306174144749533858 n

290234268 702445427516334 3739267096793038290 n

289398731 1041423329837808 9022118286888363858 n

290174695 1204782946947913 6391635669481052878 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани