2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Берза на винили –музичка библиотека на Широк Сокак

Јуни 25, 2022

На младинскиот арт-фестивал „Битола отворен град'', кој започна пред два дена, за првпат се организираше берза на винили. Пред битолското култно кафуле Јагода, денес десеттина излагачи им понудија на музичките познавачи и љубители на плочи, стотици плочи, со цена и вкус за секој џеб.

„Ја прифативме со радост иницијативата во Битола да се одржи Берза на винили. Плочите се вратија на голема врата, иако за нас како почитувачи на овој носач на звук, никогаш не излегле од мода. Плочите денес стануваат и работа на престиж. И кај повозрасните генерации кои веќе можат да зборуваат за свои богати колекции. А младата генерација винилите ги сака, па сметавме дека со доаѓањето во Битола ја направивме вистинската работа„ - изјави Марко Стојковски кој е еден од двигателите на вакви настани во поширокиот регион и е дел од мрежата на винил берзи на Балканот.

На денешниот настан меѓу посетителите имаше познати колекционери на плочи од Битола, личности кои се во музичките води како артисти и диџеи, пасионирани почитувачи на квалитетна музика кои денешниот настан го искористија и за дружење и размена на размислувања на тема винили.

287392204 413654337334859 5646117464918844889 n

„За прв пат во Битола може да се купат плочи, изложени организирано на едно место, а тоа да не е онлајн купување. Знаете, има посебен шарм кога плоча се купува „на лице место„, друго е чувството…продавачот е вљубеник во винили и одличен познавач на музика, оттука купувањето не е само обична трансакција, туку е доживување. Битола има пасионирани колекционери на винили, знам многумина….но, ни недостигаше едно вакво неформално собирање со цел да си ги обновиме колекциите, а и да се дружиме„- изјави еден од посетителите.

288171185 1197242634441138 7077245485174114158 n

Винилите, по една долга пауза се вратија на убав начин, грамофоните се повторно важен сегмент од домашна хај-фај опрема, а некогаш беа ставени во заборав. Една од причините за ренесанса на винилите се и ваквите настани кои се случуваат во големите градови низ светот.

„Искрено, не знаев што прво да разгледам. Можеа да се купат и нови и стари плочи. Синглови имаше исто. Денес Битола доживеа музичка библиотека на Широк Сокак, што е за почит. Како идеја и како реализација. Првата плоча сум ја купил во 80-те. И во децениите по нив не престанав на купувам плочи, кога сум имал шанса, а тоа биле најчесто патувањата во светот. Оваа слика денес од Битола ми го наполна срцето„ - изјави уште еден посетител.

288477066 714605366491888 1463123569180446070 n

Имаше и избор на СD и касети за продажба. Фото репортерот Диоген Хаџи Коста Милевски фотографира едно девојче кое зачудено ја прашуваше својата мајка, што е ова. Мајката објаснуваше како некогаш музика се слушаше на аудио касети. Цените беа различни и зависеа од изданијата, кај новите изданија имаше и ретки албуми кои веднаш ги препознаа колекционерите…а цените се движеа од 400 ден па се до 3.000 ден за одредени ретки изданија.

 

288273755 1703076746713733 8848456761831277652 n

Фестивалот Битола Отворен Град по 21 пат го организира Младинскиот културен центар од Битола, годинава со поддршка на Општина Битола во рамки на Битфест и неколку комапнии кои застанаа како спонзори на овој настан.

288551966 2235965929924129 5118349913135071860 n

НОВО

288081715 1013380639381836 8284371466564215223 n

НОВО 3

288624899 1084517802170864 7867582018660282474 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани