АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По објавата на Апла.мк дека утрово крави и јагне напасуваат во Градскиот парк во Битола, Комуналната инспекција на Општина Битола излезе на терен и реагираше на забелешките на граѓаните.
Општинскиот инспекторат врши редовен надзор и презема превентивни, но и казнени мерки против лицата кои ги прекршуваат законите и одлуките. Но, има ситуации кога сопствениците не се затекнати на терен.
Доколку инспекцијата на јавна површина затекне крупна и ситна стока (коњи, крави, овци, магариња, живина, мазги, кози и слично), без да е присутен сопственикот, истите по налог на комуналниот инспектор, се отстрануваат и сместуваат во посебен простор во Зоолошката градина во Битола до 15 дена. Сопственикот е должен да ги плати трошоците за отстранување, транспортирање и чување на добитокот, како и надомест на штетата, што животното ја сторило на зелена и јавна површина.