2win800x200

Викендов целовечерен музичко-сценски настан на Големо Езеро

Јули 15, 2022

Во сабота дел од програмата на БИТ ФЕСТ започнува еден посебен настан кој ги поврзува културата, туризмот и спортските активности, а претставува вистинска атракција посебно за љубителите на планината и природата.

Во организација на ПСК Олимпус Монс ќе се одржи целовечерен музичко - сценски настан: „Високо под ѕвездите“  кој ќе се одржи на Големо Езеро (2218мнв) под отворено небо во Национален парк Пелистер.

На задоволство на сите посетители, гости на Големо Езеро ќе бидат Сити Бенд кои со својот акустичен перформанс ќе се претстават на една од најубавите природни сцени во Македонија.

Сите гости кои ќе бидат дел од несекојдневниот настан, паралелно, ќе имате можност преку телескопот на астрономот Радан Митровиќ да ја набљудуваат Месечината, како и планетите Јупитер и Сатурн. Магијата продолжува до раните утрински часови кога рутата продолжува кон Врв Ветерница и од таму ќе се набљудува изгрејсонцето над Големо Езеро.

Агенда:

Поаѓање: 16.07.2022 (сабота) од Нижо Поле - патека по Дебел Рид - Големо Езеро.

Почетна точка - Лак поток 1,200 мнв
Прва пауза - Чешма Мичо Муши 1,700 мнв
Втора пауза - Карпа 1,900 мнв
Трета пауза - Поток 2,100 мнв
Пристигнување на Г. Езеро 2,218 мнв

Висина на Врв Ветерница - 2,420 мнв

Тежина на патека - Средно тешка
Предвидено време за искачување - 3ч
Должина на патека - 6км
Вкупна денивелација - 2,400 метри

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани