АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Околу 300 вљубеници во планината од 30 градови низ држвата синоќа учествува на несекојдневен музичко-сценски настан кој се одржа на Големо езеро, на 2218 метри надморска височина под отворено небо во Националниот парк Пелистер.
На најубавата и најакустична природна сцена во Македонија, концерт имаше Сити Бенд од Битола, а присутните преку телескоп ги набљудуваа Месечината, Јупитер и Сатурн. Магијата продолжи во утринските часови, каде учесниците имаа можност да го набљудуваат будењето на денот на Пелистер. Настанот е во организација на Планинарскиот клуб Олимпус Монс од Битола
-Пишуваме историја затоа што на една од најакустичните природни сцени на Големо Езеро на 2218 м.н. в организиравме несекојдневен настан. Го слушаме битолскиот, но и светски познат бенд Сити Бенд. Овој настан е дел од Битфест, а сето ова ќе беше тешко да се организира без поддршка на Општина Битола. Започнавме со искачување од Нижеполе од 1200 метри н.в и успеавме сите учесници да се искачиме до Големо Езеро. Имавме ретка можност да го гледаме изгревањето на месечината, но настант не заврши со настапот на Сити Бенд. Утрината кај 4 часот отидовме на врвот Ветерница каде сите бевме сведоци на ексклузивни глетки на изгрејсонцето, рече Ивано Тошевски од Олимпус Монс.
За планианрите ова е исклучително и несекојденвно доживување
-Дојдовме од Скопје, слушнавме за настанот Високо под Ѕвездите, сакавме да видиме како е на вечер на Пелистер, дојдовме да го видиме Големото и Малото Езеро, имавме и можност да гледаме ѕвезди со телескоп. Вреди да се дојде, велат планинарите.
И астрономот Радан Митровиќ од Скопје вели дека пелистер нуди неверојатни убавини од секој аспект.
-Локацијата е прекрасна, првапт сум тука, и ми е жал што не сум бил претходно, но сигурно дека пак ќе дојдам. Импресиите се навистина неверојатни , езерото, природата, видикот е прекрасен, немам зборови да ја опшиам оваа убавина. Ведро е секаде, нема облаци, одлични услови да ги гледаме Месечината, Сатурн и Јупитер, рече Радан Митровиќ член на скопско астрономско друштво
Од Сити Бенд велат дека настапиле на многу сцени, но за првпат имат свирка на ваква локација.
-Сме настапиле на многу сцени, но ове е првпат во историјата на Пелистер да има свирка во живот. Се надевам дека сите, заедно со нас уживаме високо под ѕвездите, рече Ирена Димовска Митревска од Сити Бенд