АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската компанија која успешно работи во градежниот сектор веќе 20 години, оваа година по повод својот јубилеј, одлучи секој месец да донира одредена количина на оброци за Народната кујна во Битола. Оваа хумана акција е направена за социјално ранливите категории кои се евидентирани во Народната кујна и на кои им е потребен оброк.
„Со овие донации кои течат веќе неколку месеци и нашиот план е да продолжат во континуитет и во иднина, даваме пример како компанија, дека на тие штитеници на Народната кујна, не им потребен топол оброк само околу големите празници, како што вообичаено се донира кај нас, туку почесто. Народната кујна е дом и место за прехранување на лица кои се во тешка социјална положба и верувајте секоја поддршка им значи“, истакна Крсте Неделковски, директор на БВ инженеринг.
Добро е она што се има да се сподели со оние што го немаат, додаваат од Комапнијата, во чија акција учествуваат волонтерски и доброволно при испорака на оброците бројни вработени, што ја прави оваа акција уште позначајна заради фактот што и тие како тим имаат вклученост во истата.
„Изразуваме голема благодарност до комапнијата БВ инженеринг, која со овој хуман гест кој не е инцидентен, туку е чест, покажуваат колку не забораваат на бездомниците и другите граѓани кои се во тешка социјална положба. Оваа донација е симболична порака до нашите сограѓани од социјално ранливите категории дека не се сами и не се заборавени“, истакнаа од Народната кујна.