2win800x200

Почнуваат преговорите со ЕУ, дадени ветувања за македонскиот јазик, за идентитетот, за економскиот напредок

Јули 19, 2022

Ќе има зголемени инвестиции, ќе има подобрени трговски врски, поблиска соработка во клучни области како енергетика и транспорт. Ќе ја максимизирате употребата и ефектот од финансиите од ЕУ, рече Урсула фон дер Лајен обраќајќи му се на премиерот Ковачевски

Ми претставува огромна чест што можам да се обратам на мојот мајчин, македонски јазик на денешната долгоочекувана и сосема заслужена меѓу владина конференција, беа воведните зборови со кои премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел го почна говорот на меѓувладината конференција со која се означи и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Обраќајки се на конференцијата, Ковачевски рече дека земјава ги почитува и вреднува соседите, како и дека очекува таков однос и од нив.

„Посветено работиме на надминување на предизвиците и унапредување на односите со соседите преку имплементација на Договорот од Преспа со Грција и на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Остануваме искрено посветени на нивното ефикасно спроведување во добра воља и разбирање. Идентичен и конзистентен однос очекуваме и од нашите соседи и партнери“, рече Ковачевски.

Претходно, во кусото обраќање до медиумите, премиерот укажа дека францускиот предлог бил препознаен како најдобро можно решение што ги почитува и ги задржува црвените линии за зачувување на македонскиот идентитет.

„Во него е прецизиран македонскиот јазик, без никакви дополнувања и дообјаснувања. Со тоа се отвора вратата нашиот македонски јазик да стане еден од официјалните јазици на Европската унија, што лично го сметам за најголемо достигнување и најважен успех“, рече Ковачевски и додаде дека се надева Северна Македонија да биде пример за најбрза интеграција во Унијата, по примерот на брзата интеграција во НАТО.

На медиумите им се обрати и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која го оцени почетокот на преговорите како успех за граѓаните на двете земји.

„Вашиот народ работеше многу за да стигне до тука. Покажавте искрена посветеност на нашите вредности. Ја задржавте вербата во пристапниот процес. Се боревте против корупцијата, имавте слободни медиуми, имате добро граѓанско општество, бројни реформи и ја модернизиравте вашата економија“, рече Лајен.https://mk.voanews.com/a/pocnuvaat-pregovorite-so-eu/6664646.html

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани