2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ЈП Комуналец исчисти диви депонии, а за кусо време несовесни граѓани ги направија пак на истото место

Јули 18, 2022

Покрај напорите на ЈП „Комуналец“ Битола за одржување на здрава животна средина и натаму продолжуваат навиките на граѓаните да одлагаат и да фрлаат секаков вид на отпад на места на кои веќе претходно се исчистило, соопштија од претпријатието.

„Како општествено одговорно претријатие редовно во своите активности, како и по барања на граѓани Јавното претпријатие чисти и расчистува диви депонии и локации на кои завршува секаков вид на оптад.

За жал, продолжува практиката на создавање на нови диви депонии или користење на старите локации за фрлање и одлагање на секаков вид на отпад.

Во петок на ден 15.07.2022 година од страна на ЈП Комуналец надвор од своите тековни активности, беше организирано чистење на диви депонии на две локации: месноста викана Тепија и локација на патот околу старите СВ.Неделски гробишта. За жал, од страна на несовесни граѓани на наведените локации посебно на локацијата кај старите Светонеделски гробишта повторно за време на викендот создадена е дива депонија. Сликите зборуваат повеќе од се.

ЈП„ Комуналец“ Битола ќе преземи мерки на пријави до надлежните општинаски институции ваквите појави да бидат санкционирани.

ЈП „Комуналец“ како одговорно јавно претпријатие во наредните денови ќе преземи мерки за повторно средувањеа на состојбата на наведената локација“, соопштија од Комуналец.

 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани